Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Неколку совети за вработување од милионерот Рамит Сети

9 јул. 2020 г.·2 мин читање·1072 прегледи

Следете не на Viber

Пандемијата предизвикана од корона вирус го намали бројот на работни места на глобалниот пазар. САД моментално се соочуваа со хронични стапки на невработеност, при што слични приказни се појавуваат низ целиот свет.

Американскиот автор за лични финансии и блогер, милионерот Рамит Сети вели дека потребно е да направите темелно истражување таму каде што сакате да работите, бидејќи испраќање на вашите биографии на повеќе места без поголем интерес за истите е како да го испраќате вашето портфолио во „црна дупка“.

„Прилагодувајте ја вашата биографија на бараната позиција, истражувајте за луѓето кои работат во компанијата. Обидетете се максимално да бидете подготвени за прашањата за интервјуто со топ менаџментот на компанијата, дознајте нешто повеќе и за нив. Пред да седнете на интервјуто, 80% од вашата истражувачка работа треба да биде завршена“, вели Сети.

Бидете подготвени да преговарате, кога одите на интервју, главниот фокус треба да биде насочен кон прикажување на вашите вистински квалитети.

„Бидете одлучни во преговорите. Истражете ја моменталната пазарна вредност на вашата професија. Разгледајте ги сите опции кои Ви се понудени, како: можност за работа од дома поради пандемијата, флексибилно работно време и сл. Размислувајте  долгорочно и бидете подготвени да креирате стратегија со  која се согласувате вашата плата да оди во нагорна линија по одредена временска рамка, откако ќе се исполнат одредени цели“, вели Сети.

Клучни зборови

  • блогер
  • вработување
  • милионер
  • Рамит Сети
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk