Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

СОСЕДИТЕ НА КОМПАНИЈАТА ИКС НА МАСК СЕ ЖАЛАТ дека ги малтретира новата светлечка реклама на седиштето во Сан Франциско без дозвола

31 јул. 2023 г.·3 мин читање·1011 прегледи

Следете не на Viber

Светлечкиот знак „Х“ кој беше инсталиран на седиштето во Сан Франциско по ребрендирањето на Твитер е најновата провокација на преименуваниот Твитер на Илон Маск. Властите на Сан Франциско во официјален допис до компанијата наведуваат дека знакот наместен на врвот на повеќекатницата во која е сместено седиштето на компанијата, бил поставен без дозвола.

Во жалбата, градот Сан Франциско вели дека од петокот двапати го посетиле седиштето на компанијата порано позната како Твитер во врска со новиот светлечки знак „Х“ на врвот на зградата. Според жалбата, издадено е известување за прекршок за работа без дозвола.

Сопственикот Илон Маск минатата недела го ребрендираше Твитер и неговото иконично лого на птичка во Х, како што претходно објави Си-Ен-Ен. Тој твитна видео од зградата со новото светлечко лого „Х“ во саботата велејќи: „Нашето седиште во Сан Франциско вечерва“.

Во дописот на локалните власти се наведува дека на претставникот на градот побарал пристап до покривот, но претставникот на Твитер (sic) одбил. Во жалбата, исто така, беше истакнато дека во саботата беше направен уште еден обид за пристап до покривот, но исто така беше одбиен.

Патрик Ханан, портпарол на градското одделение за градежна инспекција, изјави за Вашингтон пост дека „за да се обезбеди конзистентност со историската природа на зградата и да се осигура дека новите доградби се безбедно прикачени на знакот“, градот бара да се извади дозвола за одобрување нови букви или симболи на знак, објави весникот.

Се уште не е познато колкава казна може да добие компанијата Џ, некогашен Твитер за поставувањето на рекламата без дозвола.

На социјалните мрежи се појави лице кое живее од другата страна на улицата од седиштето на X во Сан Франциско рече дека „тешко е да се опише колку блешти новиот знак на компанијата“. „Ова е мојот живот сега“, напиша тој покрај видеото на кое се прикажува силно осветленото лого X од прозорецот на неговиот дом.

Објавата на човекот брзо привлече внимание од другите, а многу корисници на X сочувствуваа со него и разговараа за загадувањето на светлината.

„Очи болеа од светлина дури и кога го тестираа на дневна светлина, тешко е да се опише колку е светло“, изјави соседот на Твитер односно Х.
„Но, откако 11 синоќа го запалија, силната светлина на трепкачкиот знак Х и ја осветли целата област како да е ден“, рече тој, жалејќи се дека не може да спие поради знакот. „Дури и со спуштени завеси, светлото беше до тој степен непријатно што не можевме ни да го гледаме филмот што се обидувавме да го гледаме во дневната соба и моравме да се преселиме на другата страна од станот“.

Клучни зборови

  • илон маск
  • сан франциско
  • твитер
  • Х
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk