Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

24 фев. 2026 г.·4 мин читање·1609 прегледи

Следете не на Viber

Како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство, наменет за едукација и поддршка на децата, родителите и наставниот кадар. Во соработка со Министерството за образование и наука, овој документ ќе биде доставен до основните училишта во земјава. Материјалот е изработен од стручно лице, психологот Деспина Стојановска, која што ги предводеше едукативните работилници со учениците. Во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини кои што се приклучија на кампањата на „Макпетрол“ се одржаа 620 работилници на кои присуствуваа над 18,000 ученици.

– Проблемот со врсничкото насилство во нашето општество, а и во светот, е сериозен и пристапот кон решавање на истиот треба да биде долгорочен. Токму затоа, како дел од кампањата на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, од страна на психологот Деспина Стојановска е направен овој прирачник. „Макпетрол“ е компанија која кон секој сегмент од своето работење пристапува долгорочно, па така и кон оваа општествено-одговорна кампања. Во целост, вклучувајќи го и прирачникот, оваа кампања остави печат и постави нови стандарди во општеството за тоа што значи да се биде општествено одговорен. Ми претставува особена чест и задоволство што Министерството за образование го препозна овој успех и што денес одбележуваме почеток на заедничка соработка. Нашата надеж е дека овој прирачник ќе биде успешно искористен во училиштата и ќе обезбеди дополнителна поддршка при развојот на учениците – изјави Марија Јосифовска-Спасовска, Главен оперативен директор на „Макпетрол“.

Како психолог кој што директно разговараше со учениците во текот на работилниците, Деспина Стојановска имаше увид за тоа каква е нивната меѓусебна комуникација, какви се односите и какви се размислувањата, не само во поглед на булингот, но и за низа други прашања. Врз основа на тоа практично искуство таа и го напиша прирачникот.

Прирачникот на „Макпетрол“ е објавен преку издавачката куќа „Арс Ламина“. Материјалот ги помина сите процеси на одобрување од Бирото за образование, како и од Министерството за образование и наука, кое што ја поддржа оваа активност на македонската компанија. Освен на македонски, прирачникот е објавен и на албански, турски, српски и на босански јазик.

– Поводот за денешната средба е исклучително успешната кампања која „Макпетрол“ ја водеше против врсничкото насилство. Би сакала да се заблагодарам за оваа кампања и за крајниот производ, а тој е прирачник против врсничко насилство, кој во соработка со МОН ќе биде дистрибуиран во училиштата. Им благодарам особено многу на раководните структури за нивната општествена одговорност, затоа што на Министерството му е полесно да се справува со предизвиците кога има што е можно повеќе партнери во борбата против негативностите кои се јавуваат во општеството. Како што сум информирана, спроведени се околу 620 работилници, во кои учествувале над 18,000 ученици и над 3,000 родители, што е од исклучителна важност за нашето општество, односно за младите луѓе кои утре ќе го водат општеството. Оттука ги повикувам и другите компании кои се во можност да покажат општествена одговорност. Министерството е отворено за соработка – истакна Министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ изминативе две години значително го зголеми интересот на јавноста за овој сериозен проблем. Освен за ученици, беа организирани 17 работилници што ги посетија повеќе од 3,000 родители, се одржаа два големи отворени настани, а интернет-страницата kreniglas.mk и натаму функционира како платформа што содржи информации за подобро разбирање на проблемот со булингот. На оваа тема беа испечатени и доставени и едукативни материјали во над 10,000 примероци.

Општествената одговорност, со особен фокус на децата и на младите генерации, и во иднина ќе биде една од најзначајните стратешки цели на „Макпетрол“.

Клучни зборови

  • Крени глас против врсничкото насилство
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk