Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mkБизнис

Сопственикот на „НИКОБ Обезбедување“, Кирил Лазаров, реизбран за претседател на Македонско – Бугарската стопанска комора.

2 окт. 2020 г.·3 мин читање·1416 прегледи

Следете не на Viber

На редовното годишно собрание одржано на ден 30.09.2020 повторно и со акламација е усвоен предлогот за доделување на нов двегодишен мандат на старо-новиот претседател на Комората г-динот Кирил Лазаров.

Во своето обраќање пред членовите на комората и пред видни претставници од бизнис и дипломатската фела во земјата, тој ја истакна важноста за интензивирање на економската соработка помеѓу двете земји, давање на приоритет на почетокот со реализација на неколку круцијални и капитални проекти во делот на енергетиката, во патната и железничката инфраструктура како и реализација на проектот за гасификација преку интерконектор од Петрич до Струмица.

Во оваа насока од членовите на управниот одбор даден е целосен мандат и поддршка на Претседателот на комората во остварување на директни билатерални и мултилатерални средби со високи политички претставници од двете земји кои се од суштинско значење за овозможување услови за почеток со реализација на зацртаните проекти. Во дел од своето обраќање Претседателот даде посебен осврт на новата реалност и економските предизвици пред кои сме соочени во услови на глобална пандемија.

“Особено значајно е во овој период да се насочи целокупната енергија и активностите во остварување на зацртаните цели, а како врвен приоритет е почетокот со реализација на крупните проекти и инвестиции во двете земји што е клучно за економскиот развој на овој регион” изјави Лазаров.

“Охрабрува фактот дека и во услови на глобална пандемија предизивикана од Ковид 19, имаме само мал пад на трговската размена помеѓу двете земји што преставува реален индикатор и поттик за бизнис заедниците во двете земји, економските прашања да бидат во фокусот на интерес во претстојниот период кој е особено сензитивен и важен за двете земји” – истакна Кирил Лазаров и притоа искажа особена благодарност до присутните за укажаната чест и доверба да ја води Комората и во наредните две години.

Како дел од редовните активности во рамки на редовното годишно изборно Собрание, беа нотирани економските приоритети и проекти за наредниот период, а кои се дел од Програмата за работа на Комората за период од една година, беа разгледани досегашните реализирани активности на Македонско – бугарската комора, а воедно беа избрани и нови членови на Управниот и Надзорниот одбор на МБСК.

Повеќе информации на следниот линк: https://bit.ly/36mMZul

Клучни зборови

  • Кирил Лазаров
  • Македонско – Бугарската стопанска комора
  • Никоб
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk