Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Сонуваат за просечна плата: 10 најниски плати во Македонија

22 апр. 2021 г.·2 мин читање·2861 прегледи

Следете не на Viber

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27 948 денари.

Доколку ги анализираме просечните плати по дејности во месец февруари 2021 година во Македонија, може да забележиме дека 58 дејности  од вкупно 102 се со просек помал од просечната плата.

На дното со просечни плати во Македонија се наоѓаат вработените во заштитни и истражни дејности каде просечната плата изнесув 15.830 денари или плата која е за 12.118 денар помала од просечната плата во Македонија.

Потоа следуваат производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 16.581 денари, Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив се со просечна плата од 16.818 денари.

Вработените во производство на облека земаат просечна плата од 17.652 денари

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со просечна плата од 17.792 денари

Вработените во дејности за подготовка на оброци и служење на храна се со просечна плата од 17.991 денари.

Вработените  во дејноста објекти за сметување и сервисни дејности со храна имаат просечна плата од 18.887 денари. По нив следат Вработените во производство на мебел земаат просечна плата од 19.553 денари, додека во дејноста преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски мебел имаат просечна плата од 19.780 денари.

Вработените во дејност Вадење на јаглен и лигнит се со просечната плата која изнесува 19.988 денари.

Да се потсетиме дека, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27 948 денари, додека пак синдикалната минимална кошничка во март 2021 изнесувала 33.772 денари.

Дознајте: Кој ја има највисока просечна плата од 70.942 денари!?

Клучни зборови

  • најниски просечни плати
  • плати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk