Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Солидарниот данок ја спушти добивката на „Макстил“ за 4,1 милион евра

1 ное. 2023 г.·3 мин читање·2165 прегледи

Следете не на Viber

Добивката на „Макстил“ во деветте месеци од годинава е за 12 пати пониска од остварената во истиот лански период. Освен пазарните влијанија, односно пониските продажни цени на готовиот производ, врз намалувањето се одразил солидарниот данок. По таа основа компанијата платила 4,1 милион евра.

Од работењето во трите квартали нето-добивката е во износ од 56.184 илјади денаи или над 914 илјади евра. Огромна разлика во однос на профитот од споредбениот период, кога била забележана сума од 11,7 милиони евра (720.651 илјади денари). Пред оданочување износот на добивката е 68.659 илјади денари/1,1 милион евра (лани 802.150 илјади денари/13 милиони евра).

„Намалувањето на добивката во голема мера се должи на извршената задолжителна исплата на солидарниот данок во износ од 257 милиони денари, којшто беше пресметан во септември 2023 и кој не произлегува од оперативното работење на компанијата. Дополнително, намалувањето на добивката во текот на овој пресметковен период во однос на остварената во текот на истиот период од минатата година се должи и на пониските продажни цени на готовиот производ“, образложуваат од „Макстил“.

Сепак, и покрај падот во производството и кај добивката, резултатите од работењето се во позитива.

Производството на дебели лимови бележи петпроцентно намалување во однос на истот лански период и трипроцентно од аспект на зацртаниот план. Зголемување за 11 насто има во производството на челичански слабови, со што проекциите се натфрлени за 19 проценти. Исто така, раст е евидентиран, од четири насто, во реализацијата на топловаланите дебели лимови.

Притоа, од овие активности компанијата има приходи од речиси 103 милиони евра (6,33 милијарди денари), кои во 99 отсто се од продажбата на производите. Споредено со истиот минатогодишен период, приходите се пониски за 24 проценти. Тоа, според образложението на „Макстил“, произлегува од пониските продажни цени.

Во прилог на компанијата е и тоа што во деветмесечниот период трошоците биле за 18 отсто помали од споредбениот период, под влијание на пониските цени кај енергенсите и на влезниот материјал. Оттаму и износот од 95,6 милиони евра (5,88 милијарди денари) кај ставката вкупни расходи, кај која доминираат трошоците за производство со 93 проценти.

„Макстил“ во трите годинешни квартали реализирал инвестиции од 1,6 милиони евра (101,2 милиони денари). Вожувањата се во насока на одржување на инсталираната опрема и производните линии, но и за подобрување на безбедноста при работа.

Клучни зборови

  • добивка
  • Макстил АД – Скопје
  • позитивни резултати
  • солидарен данок
  • трет квартал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk