И покрај програмската определба на Владата за државно обезбедување на училиштата наместо тоа да биде во рацете на приватни агенции, почетокот на новата учебна година откри дека заложбата останува само идеја на хартија. Медиумите сѐ погласно бараат одговор на прашањето дали и зошто Владата се откажа од оваа замисла, а порталот „Пари“ ги анализира јавните набавки за приватните агенции за обезбедување на училиштата.
Во Комората за приватно обезбедување членуваат 49 агенции, но според нашето пребарување на сајтот за јавни набавки, обезбедување на основни и средни училишта вршат осум агенции. Се работи за училишта во Скопје, Охрид, Кавадарци и во Неготино. Со пребарувањето по агенции не дојдовме до информација дека и во другите градови вршат обезбедување на училишта.
Договори има разни, од околу 5.000 евра до над 20.000 евра. Договорите обично се за осигурување на имот и лица за време на учебната година, но во некои од договорите на компаниите за обезбедување најдовме на повремени услуги, како што е…