Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојПоткаст

Костадиновски: Собранието е уставно недисциплиниран орган и затоа Уставниот суд повеќе нема да толерира непочитување на неговите одлуки

15 мар. 2026 г.·2 мин читање·2933 прегледи

Следете не на Viber

Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски отвора уште една сериозна тема – односот на Собранието кон одлуките на Уставниот суд. Тој објаснува дека Судот во повеќе наврати носел таканаречени интерпретативни одлуки, со кои му дава рок на законодавецот да го усогласи законот со Уставот. Но, според него, парламентот често не постапувал по тие одлуки и роковите истекувале без промени во законите. Како пример го споменува и Кривичниот законик, каде што Собранието имало дури десет месеци да реагира. Поради ваквата пракса, Уставниот суд повеќе нема да толерира игнорирање на неговите одлуки. Костадиновски вели дека во такви ситуации граѓаните мора јасно да знаат која институција не го почитува Уставот.

„Ние три шанси му дадовме на Собранието. Првин беше Законот за електронски комуникации. Му одредивме рок, два до три месеца не ја почитува нашата одлука. Му дадовме рок за да не настане несогледливи последици за Кривичниот закон, за измените на Кривичниот закон. Десет месеци. Тоа ли е однос према Уставниот суд? Така ли се однесува Собранието? Затоа, прееска кога разговаравме, реков, не сум сигурен, можеби е подобро од сега, барем за мене, личниот став го кажувам, нема веќе интерпретативни одлуки, иако тие се многу здрави за да не настане правна празнина, да не трпат граѓани. Не, не, сега како судија кога ќе гласам или кога ќе давам предлози, јас би одел со одложен ефект за да нема веќе компромиси. Зошто они покажале непочит кон Уставниот суд.“

Клучни зборови

  • дарко костадиновски
  • каде се парите
  • Собрание
  • Собрание на РМ.
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk