Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

СО ЗГОЛЕМЕНА ПРОДАЖБА НЕМА КРИЗА: Макстил лани остварил профит од 17,5 милиони евра

9 мар. 2023 г.·3 мин читање·1775 прегледи

Следете не на Viber

Позитивни резултати во услови на нестабилен пазар на челик постигна скопски Макстил АД. Нето добивката од 17,5 милиони евра е остварена во период на економска несигурност, зголемена инфлација, раст на цените на енергенсите… проследено со страв од рецесија. Сите препреки се совладани со навремена координација и менаџирање на деловните активности, а пред се со вештото ползување на сопствената пазарна позиција во регионот, во Турција и ЕУ.

Во текот на минатата година приходите од работењето се во износ од 182,6 милиони евра (11,25 милијарди денари). Главна улога тука има продажбата, која во структурата на вкупните приходи учествува со дури 98,6 отсто. Споредено со истиот период од 2021, остварените приходи од работењето се натфрлени повеќе од двојно – за 54,6 проценти.

Кога се зборува за расходите, податоците од Макстил покажуваат дека лани изнесувале 156,5 милиони евра или 9,64 милијарди денари. Во однос на 2021 година, расходите се повисоки за 63 насто, што, пак, најмногу се должи на зголемениот обем на производство на готовиот производ, како и зголемувањето на трошоците на влезните материјали и енергенси, особено на природниот гас и струјата. Растот на цените на енергенсите повлекол и поскапувања на сите други потребни материјали.

Добивката пред оданочување во извештајниот период е 19,7 милиони евра, односно 1,2 милијарди денари, додека нето добивката изнесува 17,5 милиони евра (1,07 милијарди денари). Сумите се повисоки од остварената во 2021 година.

Сепак, поради пренесени загуби од претходниот период, лани компанијата не поделила дивиденда.

Гледано преку производните реултати, лани производството било поголемо од она во 2021. Кај производството на дебели лимови од 303.288 тони има зголемување од околу 11 насто, а во однос на поставениот производен план натфрлувањето е за речиси 10 насто. Реализацијата  на топловаланите дебели лимови е 291.352 тони и тука има петпроцентно зголемување. Единственото потфрлање е регистрирано во производството на сопствен челичен полуфабрикат, челичански слабови – од 21 отсто.

Компанијата лани имала инвестиции во погоните Челичарница и Валавница. Исто така, била извршена ресертификација на ИСО 9001 – Стандардот за управување со квалитет, успешна надзорна проверка за сертификатот ИСО 14001 – Стандардот за управување со животната средина, како и успешна проверка согласно стандардот МКС EN 13242, а се вовел Системот за безбедност и здравје при работа – ИСО 45001. Вкупниот вложен износ за инвестиции е 2,6 милиони евра (161,5 милиони денари).

Освен грижата кон вработените, кои лани добиле зголемување на платите и максимален износ на регрес за годишен одмор, компанијата поддржала и повеќе проекти од општествен интерес, при што најзначајно е реновирањето на Онколошкиот оддел при ЈЗУ Клиниката за детски болести.

Клучни зборови

  • добивка
  • макстил
  • финансиски резултати 2022
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk