Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СО ТРАГИЧЕН БИЛАНС ОД 55 ЗАГИНАТИ,15 ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ХОНГ КОНГ ПОЧНА ИСТРАГА: Дали пожарот се проширил поради фушерајот при градежните зафати на зградите?

27 ное. 2025 г.·3 мин читање·3400 прегледи

Следете не на Viber

Во катастрофалниот пожар кој се случи вчера во Хонг Конг, кој зафати дел од повеќекатниците во населба на северната периферија на градот, 55 лица, вклучувајќи и еден пожарникар, загинале, при што педесет и едно лице беа пронајдени мртви на местото на настанот. 76 лица се во болница – 15 во критична состојба, 28 се сметаат за сериозни.

Кинеските медиуми јавуваат за уште 62 лица кои се уште се заробени во седумте згради во Ванг Фук Корт во населбата Таи По во Хонг Конг. Целосна спасувачка работа е во тек, а една жена, еден постар маж и домашни миленици се евакуирани.

Пожарите во четири од седумте блока се ставени под контрола, додека во другите три сè уште има пожари на горните катови од нивните згради на 31-катна површина. Целосната спасувачка работа е во тек, а жртвите сè уште се извлекуваат од зградите.

Од досега познатите детали, осумте станбени блокови во населбата биле во процес на реновирање од јули 2024 година, поради што биле обложени со бамбусови скелиња и зелена заштитна мрежа на фасадата, поради градежните работи.

Властите велат дека лесно запаливиот стиропорен материјал што се користел во реновирањето на фасадите предизвикал брзо ширење на пожарот. Мрежата и фолиите што се користеле на надворешноста на зградите, исто така, не ги исполнуваат стандардите за противпожарна безбедност, соопштија официјалните лица во среда навечер.

Локалните власти во Хонг Конг започнаа кривични истраги за да ја пронајде причината за пожарот. Притоа три лица – двајца директори и еден консултант на изведувачот зад реновирањата – се уапсени за убиство од небрежност. Полицијата ги пребарува просториите на фирмата за управување што управува со населбата.

Антикорупциската агенција на Хонг Конг, паралелно започна истрага за можна корупција во зделката за реконструкција на станбениот комплекс, вредна  330 милиони хонгконгшки долари.

Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли Ка-чиу, нареди инспекции на сите јавни станбени комплекси кои се подложени на големи реновирања, а властите започнаа кривична истрага за најсмртоносниот пожар во градот во последните децении, кој одзеде 55 животи во населбата Таи По.

Околу 280 лица сè уште се водат како исчезнати, а спасувачката работа продолжува среде пламените јазици кои сега се повлекуваат на горните катови од три блока во Ванг Фук Корт.

Бројот на жртви го надмина пожарот во зградата Гарли во 1996 година, каде што загина 41 лице. И во овој трагичен настан зградите кои гореле биле во фаза на изведување на градежни работи при реконструкција.

(Фото: 中国新闻社, Wikimedia Commons CC BY 3.0)

Клучни зборови

  • корупција
  • пожар
  • Хонг Конг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk