Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Со шесттиот пакет антикризни мерки најмногу пари ќе има за угостителите

20 апр. 2021 г.·2 мин читање·779 прегледи

Следете не на Viber
Шестиот пакет економски мерки опфаќа 7 мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од ковид-кризата, во вредност од 17,8 милиони евра, со кои ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

 

Со мерките предвидени се:

1. Финансиска поддршка од 9,9 милиони евра за 6.000 угостители со околу 17.000 вработени;

2. Со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, „евент“ индустријата, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија;

3.  Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра;

4. Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари и туристички водичи;

5. Околу 2 милиони евра се наменети за поддршка за ликвидноста на компаниите;

6.  Со 1 милион евра ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма;

7. Бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Од самиот почеток на кризата, Владата носи сеопфатни мерки во консултација со сите засегнати страни, како и со меѓународните финансиски институции, сѐ со цел задржување на ликвидноста на компаниите и на работните места за граѓаните, порача премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

Клучни зборови

  • угостители
  • шестти пакет антикризни мерки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk