Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Со потврда од КХВ – Мермерниот комбинат и официјално доби нов сопственик

22 јун. 2023 г.·3 мин читање·1264 прегледи

Следете не на Viber

Прилепскиот Мермерен комбинат е во целосна сопственост на Долит Инвестментс.

Решение донесе Комисијата за хартии од вредност, со кое се утврдува за успешна понудата за преземање на акциите издадени од Мермерен комбинат АД Прилеп дадена од Долит Инвестментс АД основано од едно лице од Атика, Република Грција.

Понудата за преземање била прифатена од еден сопственик на обични акции со право на глас во Мермерен комбинат, кој поседува вкупно 60 обични акции, што претставува 0,0013 отсто од вкупниот број. Како што е наведено во соопштението на КХВ, во понудата за преземање не е определен прагот на успешност, односно не била посочена најмалата количина акции по чие преземање процесот би се сметал за успешен.

„Откако беше констатирано дека измените на Статутот на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје со кои се врши промена на седиштето се во согласност со Законот за инвестициски фондови, Комисијата даде согласност“, се вели во соопштението издадено по одржаната втора седница на КХВ, предводена од претседателката Нора Алити.

Основната дејност на Долит Инвестментс е инвестирање во мали и средни фирми од секторот на природните ресурси, енергетиката и минералните суровини. Дел е од ЕЦМ Групацијата, каде доминира ЕЦМ Партнерс. Друштвото е регистрирано во Словенија, во 2015 година, а се занимава со инвестициски менаџмент, управување со фондови и со инвестициски ризици. Се вбројува меѓу првите и најголеми учесници на овој пазар на територијата на Централна и Југоисточна Европа. Делува од Кипар, Хрватска и од Грција, каде што има свои канцеларии.

Во јануари годинава Комисијата за заштита на конкуренцијата објави известување за концентрација, односно дека Долит Инвестментс ќе стекне контрола над Павлидис АД Мермер – Гранит Грција. Притоа, се посочи дека „стекнувачот пред реализацијата на трансакцијата не е директно ниту индиректно присутен на македонскиот пазар“.

Што се однесува до Павлидис АД Мермер, тоа е холдинг чии друштва-ќерки делуваат во доменот на минералните суровини. Всушност, едно од целните друштва е присутно на нашиот пазар преку прилепскиот Мермерен комбинат.

Комбинатот има долгогодишна традиција, постои од 1946 година, а прилепскиот сивец е етаблиран на светските пазари. Се работи на пет каменоломи кои се дадени под концесија на долги временски периоди. Како што е наведено на нивната интернет страница, се користи околу 30 отсто од концесиската површина од 2,19 километри квадратни, со што тоа е и најголемата област за ископ на бел мермер во светот.

Инаку, десет проценти од акциите на Мермерниот комбинат се тргуваат на Атинската берза (ATHEX).

Клучни зборови

  • Долит Инвестментс
  • Мермерен комбинат
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk