Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

СО НЕТРГОВСКИ ТРАНСФЕРИ ПРЕЗЕМЕНИ 2.618 ОБИЧНИ И ДЕВЕТ ПРИОРИТЕТНИ АКЦИИ од 11 компании и две банки

21 окт. 2023 г.·2 мин читање·3043 прегледи

Следете не на Viber

Од пет работни, Македонска берза четири дена информираше за реализирани нетрговски трансфери на акции, податоци со кои располага Централниот депозитар за хартии од вредност. Десеттина домашни компании на овој начин пренеле дел од сопствените хартии од вредност на друг сопственик. Според пропозициите, како подарок, наследство, можеби со судска одлука или спроведување на договор за залог.

Првопласираната објава со ваква содржина се однесуваше за прилепскиот Тутунски комбинат, од кој се преземени 117 обични акции. Трансферот се случил на крајот од минатата работна недела.

Оваа седмица, пак, започна со десет нетрговски преноси на акции. Најголем број обични акции  – 1.182, се трансферирани од скопски „Макстил“. Најмалку, односно три, од најголемата македонска банка, Комерцијална банка.

Со нетрговски трансфер градежната компанија „Гранит“ отстапила 220 обични акции, РЖ „Интер-Трансшпед“ – 22, „Либерти“ – 150, „Оилко КДА“ – 220,  тетовски „Тетекс“ – 259, фармацевтската компанија „Алкалоид“ – 68 и „Уготур“ 23 обични акции.

Исто така, и кај скопската Стопанска банка имала ваков пренос, но во случајот се работи за девет приоритетни акции.

Во средата нетрговски трансфер е извршен со акциите на две котирани друштва. Станува збор за 117 обични акции на „Алкалоид“ и 97 на Тутунскиот комбинат од Прилеп.

Последната информација на Македонска берза се однесува на ФЗЦ „11 Октомври“ и на „Витаминка“. Од кумановската компанија се преземени 114, а од прилепската 26 обични акции.

Се на се, преку нетрговските трансфери минале 2.618 обични и девет приоритени акции од 11 компании и две банки.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • нетрговски трансфер
  • обични акции
  • приоритетни акции
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk