Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Со натпис „Нафтата убива“, активисти ги стопираа летовите низ Европа

25 јул. 2024 г.·2 мин читање·1109 прегледи

Следете не на Viber

Климатските активисти ги прекинаа летовите на аеродромите низ Европа, приземјувајќи ги авионите и создавајќи хаос среде летните одмори, бидејќи учесниците во кампањата бараа „крај на нафтата, гасот и јагленот до 2030 година“.

Беа блокирани летовите во Франкфурт и Осло на вториот ден од координираните протести ширум Европа со назнака „Нафтата убива“.

Во Швајцарија, пак, 11 лица блокирале два патни правци кон аеродромите во Цирих и Женева. Полицијата уапси пет лица.

Барајќи крај на фосилните горива до 2030 година, поддржувачите на Letzte Generation (Последна генерација) кои ги прекинаа летовите на аеродромот во Франкфурт во четвртокот наутро, пресекле жичена ограда, влегле со велосипеди и скејтборди и се залепиле за асфалтот.

Во Осло, демонстрантите од Folk Mot Fossilmakta и Scientist Rebellion предизвикаа големи редици блокирајќи ја лентата за пријавување со транспарент на кој пишуваше: „Брза патека за постепено укинување“

На аеродромот во Виена, Австрија, четворица активисти истуриле портокалова материја во една од салите на аеродромот, држејќи табли на кои пишувало „Нафтата убива“.

Протестите, кои се обидуваат да ги притиснат владите да го забрзаат преминот кон чиста економија, ги погодија аеродромите за време на почетокот на напорната летна сезона. Во средата наутро, активисти ги прекинаа плановите за патување на аеродромите од Хелсинки до Барселона, а подоцна им се придружиле  и демонстрантите во САД.

Активистите ги повикуваат владите на богатите нации да работат заедно за да воспостават правно обврзувачки договор за стопирање на екстракција и согорување нафта, гас и јаглен до 2030 година, како и поддршка на посиромашните земји во нивната транзиција.

Клучни зборови

  • аеродроми
  • Европа
  • климатски активисти
  • нафтата убива
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk