Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

Со купени нови 1.565 акции „Пуцко Петрол“ поседува 11,05 проценти од ОКТА

15 ное. 2023 г.·2 мин читање·4896 прегледи

Следете не на Viber

„Пуцко Петрол“ поседува 11,05 проценти од вкупниот број акции на Рафинеријата „Окта“. Сопственичкиот удел е зголемен по последната берзанска трансакција, со купување на 1.565 акции.

„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, ОКТА АД – Скопје објавува дека, по соодветно известување, Пуцко Петрол ДООЕЛ Скопје ја зголеми својата сопственост за 1.565 акции, достигнувајќи вкупно 93.530 акции, што одговара на 11,05% од вкупниот број на акции“. Ова е известувањето од компанијата објавено на Македонска берза.

„Пуцко Петрол“ многу често се споменува последниов период, секаде каде што има големи државни или општински тендери. Бизнисите се поврзуваат со владејачката ДУИ. Исмаил Јахоски, сопственикот на нафтената компанија, шест мандати или 24 години како градоначалник управуваше со Општина Пласница, а е кадар на оваа албанска партија. Сега кормилото на „Пуцко Петрол“ е во рацете на неговиот син Асмир Јахоски, а работите се одвиваат по редовниот колосек.

Последно, јавноста слушна дека Јахоски е новиот сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, фирма која претходно склучи договор со Државна лотарија за закуп на деловни простории во Визбегово. Месечно по речиси 22 илјади евра, за период од една деценија.

Инаку, во текот на минатата година „Пуцко Петрол“, според податоците од ЦГК, бил во редот на трите компании со најмногу добиени тендери – со склучени 413 договори, вредни педесеттина милиони евра.

За оваа компанија се заинтересирани и од Државната комисија за спречување на корупцијата и од Управата за финансиска полиција. Финаниската полиција врз база на преземени документи анализира дали има неправилности во случајот со Лотарија, а антикорупционерите побараа од Обвинителството за организиран криминал и корупција кривично да ги гони актерите во носењето на ДУП во скопски Карпош за бензинската станица на „Пуцко Петрол“.

Клучни зборови

  • акции
  • Окта АД Скопје
  • Пуцко Петрол
  • сопственост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk