Ај, на кафе! Без тоа во Македонија не се може. Не сме Англичани, но и чајот, особено во зима, се троши. Зачините, пак, стануваат сè поприсутни на нашите трпези. Ова се одлични адути за успех во секторот трговија со кафе, какао, чај и зачини, кој лани заеднички завртил 41,3 милиони евра приход, создал 2,1 милиони евра добивка и бил дом на 153 вработени, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа.
Податоците покажуваат дека најуспешните компании во овој сектор работат со промет од најмалку еден милион евра. Најголем дел од компаниите се сместени во Скопје.
ИМА ГОЛЕМА РАЗЛИКА ВО ПРИХОДИТЕ ПО КОМПАНИИ
Во трката по приходи, АТЛАНТИЦ ГРАНД од Скопје го носи приматот со околу 13,8 милиони евра за 2024 година, пред охридската РЕНАРДА со 11 милиони. Разликата м…