Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Со емисија на акции од 9,3 милиони евра АД ЕСМ ќе ја земе под свое ТЕЦ „Неготино“

13 фев. 2024 г.·2 мин читање·955 прегледи

Следете не на Viber

Со издавање акции во вредност од 9,3 милиони евра, АД ЕСМ ќе ја присоедини ТЕЦ „Неготино“. Институционален инвеститор е Владата. Овој потег е овозможен со одобрение од страна на Комисијата за хартии од вредност.

Се работи за втора емисија на 572.495 обични акции, во износ од 572.495.000 денари. Номиналната вредност е илјада денари за акција.

„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 26-та седница донесе Решение со кое на Електрани на Северна Македонија во државна сопственост AД Скопје и се дава одобрение за втора емисија на акции, со која ќе издаде 572.495 обични акции со поединечна номинална вредност од 1.000 денари по акција и со вкупен номинален износ од 572.495.000 денари. Целта поради која се издаваат акциите е заради присоединување на ТЕЦ Неготино во државна сопственост АД Неготино кон Електрани на Северна Македонија во државна сопственост AД Скопје“, пишува во соопштението од КХВ.

Акциите од емисијата се наменети за Владата, наведено е од Комисијата.

„Со преносот на целокупниот имот и на обврските на друштвото што се присоединува кон друштвото што презема, ТЕЦ Неготино во државна сопственост АД Неготино ќе престане без да се спроведе негова ликвидација, во замена на акциите што се преземаат. Акциите од емисијата се наменети за Владата на Репулика Северна Македонија како единствен акционер кој во согласност со Законот за хартии од вредност има статус на институционален инвеститор“.

Со чинот на присоединување, основната главнина на АД ЕСМ ќе се зголеми на 525,15 милиони евра.

„Со присоединувањето и универзалниот пренос на целокупниот имот и обврски на ТЕЦ Неготино во државна сопственост АД Неготино, основната главнина на Електрани на Северна Македонија во државна сопственост АД Скопје се зголемува и ќе изнесува 32.311.373.000 денари, поделена на  32.311.373 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари по една акција“, се вели во објавата на Комисијата за хартии од вредност.

Клучни зборови

  • ад есм
  • емисија на акции
  • ТЕЦ Неготино
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk