Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Со дигитализација до подобра јавна администрација и помалку корупција

18 апр. 2023 г.·3 мин читање·2420 прегледи

Следете не на Viber

Новата дигитална агенда на Министерството за информатичко општество и администрација е една од главните точки на новата Национална развојна стратегија. Новите процеси на дигитализација ќе го подобрат работењето на јавната администрација и ќе обезбедат брзи услуги на граѓаните, што ќе придонесе за намалување на корупцијата во државата преку намалување на влијанието на човечкиот фактор за процесите кои може да се автоматизираат. За процесите кои следат информираа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за ИОА, Азир Алиу.

„Денес ја промовираме програмата за дигитализација DigitalEra на Министерството за информатичко општество и администрација, како и сите активности што се потребни за реализација на дигитализацијата на процесите во нашата држава. Имплементацијата на овие активности преку дигитализација ќе доведе до подобрување на услугите за граѓаните, поголема ефикасност на институциите, преку што и ќе се влијае на намалување на корупцијата и креирање на побезбедна дигитална околина за граѓаните“, изјави премиерот Ковачевски, додавајќи дека дигитализацијата е предвидено да се воведе во сите сфери во државата. Исто така, тој рече дека е задоволен од солидната искористеност на првиот дигитален асистент за јавниот сектор, базиран на вештачка интелигенција, АДА, кој е и прв во регионот. Во првите 48 часа АДА има дадено услуги кон 1.321 граѓанин во делот на споделување информации.

Освен тоа, во плане е да се основа агенција за дигитализација, со што ќе се овозможи дигитализирана јавна администрација која ќе влијае на ефективноста, транспарентноста и отчетноста на управувањето. Премиерот смета дека новата агенција ќе ги консолидира и кадровските ресурси кои работат на ова поле, со што ќе стане конкурентна во делот на привлекување на ИТ инженери, кои се дефицитарни и имаат висока цена на пазарот на трудот.

„Оваа година ќе има суштински реформи, засновани на клучните европски принципи за дигитализација на услугите, насочени кон трансформирање на начинот на кој граѓаните комуницираат со јавната администрација“, рече премиерот, потенцирајќи дека паралелно со процесите на дигитализација се поддржуваат и процесите кои ќе се реализираат преку неколкуте стратегии – за ИКТ, за сајбер безбедност и за реформа на јавната администрација.

Во рамките на дигитализацијата ќе се воспостават интегрираните сервисни центри (One point of service) ЕТУ, кои го нудат концептот на едношалтерски систем, кои ќе бидат достапни за сите граѓани во 333 пунктови на државно ниво, за добивање многу услуги само на една локација. Овие ЕТУ шалтери ќе бидат дел од инфраструктурата на АД Пошта на Северна Македонија. На административните шалтери ќе се овозможи лицата со посебни потреби да имаат приоритет за добивање на услугите.

Се предвидува субвенционирање на програми од стратешки интерес за државата како што се сајбер безбедноста, вештачката интелигенција…, како и воведување на дигитална лична карта.

Клучни зборови

  • Димитар Ковачевски
  • Министерство за информатичко општество
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk