Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Со девет милиони евра се обновува делница од 15 километри меѓу Демир Капија и Неготино

5 јун. 2023 г.·2 мин читање·494 прегледи

Следете не на Viber

Девет милиони евра ќе чини обновата на автопатската делница Демир Капија – Неготино во должина од 15 километри, а активностите треба да завршат до април идната година. Средствата за оваа намена се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Градежните работи се одвиваат според утврдената динамика, а премиерот Димитар Ковачевски, кој изврши увид на теренот, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и со директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, очекува рокот за рехабилитација на патот да биде испочитуван.

Според Ковачевски, ова е една од делниците од трансевропскиот Коридор 10 и претставува важна врска со Европа. Затоа, реализација на проектот значи придонес во транспортното поврзување, но уште повеќе, ќе обезбеди и безбеден сообраќај за граѓаните.

Оттаму, нагласи, вложувањето во патната и железничката инфраструктура е влог во трајни добра, кои значат не само модерни патишта, туку и регионален развој и раст на економијата.

„Само минатата година, во услови на најголема криза имаме рекордна реализација на капитални инвестиции од 465 милиони евра, што е за 60 проценти повеќе од 2014 година, кога износот на капитални проекти беше 286 милиони евра“, посочи премиерот. Воедно, потсети дека во последните три години, од 2020 па заклучно со 2022, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра, а од 2017 до 2022 се вложени милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта.

Според министерот Бочварски, рехабилитацијата е неопходна пред се од сообраќаен и безбедносен аспект. Исто така, информираше дека на овој Коридор се рехабилитира и оштетениот дел од Катланово до Петровец, а веќе се започнати подготовките и за проширување на граничниот премин Табановце.

Клучни зборови

  • Благој Бочварски
  • делница
  • Демир Капија – Неготино
  • Димитар Ковачевски
  • Ејуп Рустеми
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk