Шеќерот во минатото носел назив бело злато. Тој бил најважната култура во светот, но редок производ што можеле да си го дозволат само богатите. Во венецијанските куќи во 13. век, шеќерот се чувал под клуч и богатите често го користеле за да направат екстравагантни кондиторски изложби со цел да го покажат своето богатство на раскошните забави. Венеција била центар на рафиниран шеќер.
Шеќерот се тргуваше низ целиот свет до средината на 18. век. Пиењето кафе и какао со шеќер станало модерно меѓу европската елита.
Денес, шеќерот и слатките задоволства се достапни за секого и заведуваат од секој рафт во маркетите. Рецептурите се најголемо богатство и тајна на успешните производители на слатки од шеќер. Во дваесеттите години од 20. век рецептите за слатки се чувале во тајност.
Кај нас има богата палета на чоколада и колачи увезени од разни земји. Компаниите коишто се регистрирани како трговци на…