Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Со Александропули државата ќе има гас и за своите потреби и за извоз

24 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1277 прегледи

Следете не на Viber

На први октомври ќе протече природен гас низ терминалот во Александрoпули со што и официјално ќе се потврди дека е воспоставен нов енергетски пазар за прием на природен гас, во кој Македонија има свој удел станувајќи дистрибутивна точка во регионот.

Учеството на државата е десетпроцентно во терминалот, а во гасната централа со капацитет од 800 мегавати има 25 проценти. Во овој проект влезе пред повеќе од три години, а изградбата беше започната во 2022. Со тоа ја обезбеди независноста од рускиот гас, како и другите земји од источниот дел на Европа. Во системот се опфатени Грција, Бугарија, Романија, Македонија, Србија, Молдавија, Украина, Унгарија и Словачка.

Како што се предвидува, наскоро индустријата и домаќинствата во земјава ќе имаат пониски трошоци во снабдувањето со природен гас. А, работите ќе се одвиваат преку ЕСМ и Национални енергетски ресурси.

Во гасниот систем Александрoпули ЕУ инвестира 202 милиони евра. Одлуката донесена пред неколку дена од страна на ЕК само го потврдува значењето на целиот проект.  Во тој контекст е и соопштението од СДСМ, бидејќи активностите за приклучување кон овој голем проект се случија во нивниот мандат.

„Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот.

Покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија.

Покрај обезбедувањето на неруски гас, проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година“, велат од СДСМ.

Клучни зборови

  • Александрoпули
  • ГАСНА ЦЕНТРАЛА
  • македонија
  • природен гас
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk