Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФондови>Осигурување

СН Осигурителен брокер со блокирани сметки, Берзата ја прошири основата за внесување на „Листата за набљудување“

19 мар. 2025 г.·2 мин читање·6365 прегледи

Следете не на Viber

Парите од годишната камата за корпоративната обврзница имателите ќе ги добијат на 30 април. Регуларната исплата утврдена за први март беше оневозможена поради инсолвентност и блокирана сметка, информираат од СН Осигурителен брокер Битола.

Станува збор за шестпроцентната камата која се исплатува еднаш годишно. Оваа обврска, според објавата на друштвото, е нивен „најважен приоритет“.

„Моментално, друштвото се наоѓа во фаза на реструктуирање и репрограмирање, односно потпишување заеднички договори со сите доверители, со крајна цел обезбедување нормални услови за работа“, пишува во информацијата споделена преку Македонска берза.

Советот на експерти на АСО на 14 март донесе решение за одземање на лиценцата за работа. Во образложението е наведено дека наодите од спроведените контроли покажуваат серија неправилности и прекршувања на Законот за супервизија на осигурување. На друштвото, наведоа од АСО, му бил даден временски рок за отстранување на пропустите, но тоа не било сторено.

Од СН Осигурителен брокер најавуваат дека ќе ја искористат законската можност и по ова решение на АСО ќе поднесат тужба до Управниот суд.

Поради овие случувања друштвото беше ставено на берзанската „Листа за набљудување“, а еден ден подоцна од Македонска берза соопштија дека е проширена основата за обрнување внимание:

„Ве известуваме дека е донесен заклучок за проширувањето на основот за внесувањето на Листата за набљудување на издавачот СН Осигурителен брокер АД Битола поради објава на информација за блокирани сметки. Листата за набљудување се објавува на веб-страницата на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација“.

Клучни зборови

  • АСО
  • исплата на годишна камата
  • корпоративна обврзница
  • одземена дозвола
  • СН Осигурителен брокер АД Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk