Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ССМ: Заболените од КОВИД-19 и работниците во изолација да добијат цела плата

9 јун. 2020 г.·2 мин читање·236 прегледи

Следете не на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара работниците заболени од коронавирусот, COVID – 19, работниците кои се во изолација или во само изолација поради изложеност на COVID – 19, да им биде исплатен надомест на плата за боледување, односно надомест за професионално заболување во висина од 100 проценти.

-Во изминатиот период, сведоци сме дека голем број на работници не по нивна вина, или се заболени од COVID – 19, или се во изолација или самоизолација поради контакт со друг работник кој бил изложен на заразната болест, дали на работното место или при превоз до и од работното места и од тие причини потребно е Владата, веднаш преку носење на Уредба да го регулира статусот на тие работници и да спречи исплата на плата пониска од 100 проценти како надомест на плата за боледување односно за време на привремена неспособност за работа, се вели во соопштението од ССМ.

Со ваквата Уредба, велат од Синдикатот, ќе се спречат сите несовесни работодавачи да ги кршат правата на работниците во тие исклучително сложени и тешки моменти за нив, а со тоа ќе се обезбеди и сигурност на платата и егзистенција на работниците се со цел наминување на таквата состојба.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Клучни зборови

  • covid19
  • ковид19
  • коронавирус
  • макроекономија
  • пандемија
  • последици
  • Сојузот на синдикатите на Македонија
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk