Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Сметките на хрватските ИТ-компании затворени од американски банки

26 јул. 2024 г.·2 мин читање·3053 прегледи

Следете не на Viber

Хрватска се најде на листа на забранети земји заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран. Ова е одлука американската дигитална банка „Меркур“. Забраната им создаде проблеми на хрватските стартапи и технолошки фирми кои ги користеле нивните услуги за да прават бизнис на американскиот пазар. хрватските претприемачи полека почнаа да ги чувствуваат последиците од фактот што Хрватска е под лупата на Работната група за финансиска акција (ФАТФ) повеќе од една година

Еден од засегнатите од оваа одлука, но не и единствен е основачот на „CircuitMess“, Алберт Гајсак, кој со години работи на американскиот пазар, а има сметка во банката „Меркур“ од 2019 година и никогаш немал никакви проблеми. Сега има еден месец да најде нова банка бидејќи добил известување дека сметката ќе му биде затворена на 22 август.

Гајшак вели дека дека голем број хрватски компании биле погодени од оваа одлука.

-Имаме компанија регистрирана во САД, но основачите се од Хрватска и ова очигледно им е проблем. Ќе го префрлиме нашето работење во друга банка. Чудно ми е што само оваа банка реши да го направи тој потег – вели тој.

Хрватска е на „сивата листа“ од јуни 2023 година, па не е јасно зошто Меркур го направи овој потег сега, вели  Фране Борозан , потпретседател на CISEx, Здружението на хрватски независни извозници на софтвер.

-Засега не знаеме точно колку компании членки на CISex се погодени и колку тоа ќе влијае на ИТ секторот, но првите информации говорат дека се погодени околу 30 деловни субјекти со директори кои се хрватски државјани – објасни Борозан.

Борозан нагласува дека што е можно поскоро треба да добијат одговори од надлежните институции и да дознаат што прават во оваа работа за да ги заштитат хрватските граѓани, но и да спречат дополнителни проблеми во бизнисот.

Клучни зборови

  • американски банки
  • бизнис
  • забранети земји
  • ИТ компании
  • Хрватска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk