Илјадници македонски граѓани останаа со замрзнати сметки на своите картички

1 мин читање496 прегледи


Четири милиони корисници на Пајонир картичките, кои ги користат и голем број македонските државјани, од вчера се со блокирани сметки.
Овие картички во Македонија најчесто ги користат фриленсери кои работат за странски компании да добиваат финансиски средства за нивните услуги во реално време.
Блокадата настанала откако германската банка Wirecard поднела барање за банкрот, што резултирало со блокада на сите картички и средства за корисниците на Payoneer ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија.
Поголем дел од Македонците дознале откако биле информирани по меил дека нивните сметки се блокирани и дека нема да можат да ги подигнат парите.