Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Фондови>Пензиски Фондови

„Smart Money Talks“: МАПАС и пензиските друштва поттикнуваат финансиска едукација кај младите

23 мар. 2026 г.·3 мин читање·2716 прегледи

Следете не на Viber

Серија едукативни активности насочени кон зголемување на финансиската писменост кај младите се реализираа во рамки на одбележувањето на Global Money Week 2026, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Еден од клучните настани се одржа на Економскиот факултет во Скопје, во соработка со проф. Елена Наумовска, каде што преку отворена дискусија на тема „Smart Money Talks“ студентите имаа можност да разговараат за финансиите на поопуштен и практичен начин, преку реални примери и актуелни дигитални трендови.

Преку интерактивен пристап се отворија прашања кои сè повеќе ги засегаат младите:

  • што значи „паметно управување со пари“ во денешно време,
  • како се менуваат финансиските навики под влијание на дигиталните платформи,
  • што ги мотивира младите да размислуваат за штедење, инвестирање и долгорочна сигурност.

Дискусијата јасно укажа дека кај младите постои силен интерес за финансиска едукација, но преку пристап кој е практичен, интерактивен и усогласен со нивното секојдневие. Во тој контекст беше нагласена и потребата од рано разбирање на разликата меѓу штедење и инвестирање, како и значењето на концептот парите да „работат за нас“, односно развивање навики за создавање таканаречени „паметни пари“.

Дополнително, на студентите им беа презентирани конкретни можности за вклучување во пензискиот  секторот:

  • практична работа и стажирање,
  • полагање на испит за агенти,
  • можности за вработување уште за време на студирањето.

Особено инспиративен беше примерот на младата Сара, која ја сподели својата приказна – од пракса до вработување во пензиско друштво, како доказ дека финансискиот сектор нуди реални можности за младите.

Како дел од активностите, студентите подготвија и видео на тема „Паметни пари“, кое се објавува во рамки на кампањата, со цел да се поттикне поширока свесност и да се отвори разговорот за финансиските одлуки меѓу младите.

Паралелно со активностите со студентите, МАПАС и пензиските друштва реализираа работилници и со ученици и наставници, вклучително и во ООУ „Климент Охридски“ Општина Бутел каде дискусиите се темелеа на наодите од Анализа за финансиската писменост во основното образование, изработена од Биро за развој на образованието.

Анализата укажува дека финансиската едукација е присутна, но често фрагментирана и зависна од индивидуалниот пристап на наставниците. Токму затоа, МАПАС активно соработува со институциите во насока на зајакнување на наставните содржини и зголемување на активностите, во согласност со национално утврдените компетенции за финансиска едукација.

Овие активности ја потврдуваат заедничката посветеност на МАПАС и пензиските друштва – финансиската писменост да започне од најрана возраст и да продолжи низ целиот образовен процес.

Пораката е јасна: разговорот за пари треба да започне рано – затоа што одлуките што ги носиме денес ја обликуваат нашата финансиска иднина.

Клучни зборови

  • Global Money Week 2026
  • Smart Money Talks
  • КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
  • МАПАС
  • Сава пензиско друштво ад Скопје
  • ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје
  • финансиска писменост
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk