Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Кои се предностите на СМАРТ кредитот од Комерцијална Банка

13 ное. 2020 г.·3 мин читање·5197 прегледи

Следете не на Viber

СМАРТ кредитот е револвинг потрошувачки кредит во денари за физички лица, со вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. Може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка и Ви овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка, согласно Вашите потреби.

Предности на СМАРТ кредитот

– Денарски кредит кој овозможува зголемена куповна моќ за корисникот;
– Вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата преку Триглав Осигурување АД Скопје, без дополнителен надомест;
– Максимален износ на одобрен кредит до 400.000 денари, зависно од кредитоспособноста;
– Флексибилно кредитирање и отплата – користите онолку средства од одобрениот кредитен лимит колку што Ви е потребно;
– Без жиранти, без административна забрана од плата и едноставна постапка за добивање;
– Промотивно до 31.12.2020 година:
– без надомест за аплицирање и обработка;
– 7,0% годишно каматна стапка на искористениот износ до кредитниот лимит, 9,5% над износот на кредитниот лимит;
– Користење на расположливите средства 24 часа на ден преку банкомат;
– Без провизија за подигање готовина;
– Без провизија за проверка на состојба на банкомат;
– Можност за едноставно префрлање на средства од кредитот на трансакциска сметка без провизија и нивно користење преку дебитна картичка;
– Доспевање на долг на 15-ти во месецот (нема бескаматен период);
– Едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
– Можност за минимално враќање од само 3% од искористениот дел од кредитниот лимит;
– Поволна каматна стапка на искористениот дел од кредитниот лимит;
– Можност за прилагодување на дневните лимити на картичката;
– Едноставно следење на состојбата на сметките преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
– 24-часовна поддршка за корисниците.

Користење на СМАРТ кредит

СМАРТ кредитот може да се користи преку картичка за подигнување и уплата на готовина во денари на сите банкомати на Комерцијална банка АД Скопје (доколку клиентот при аплицирање избере да користи картичка) или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката, од каде може да ги користи преку својата дебитна картичка.

СМАРТ кредитот Ви нуди флексибилност во користењето и отплатата на средствата. За подобро да се запознаете со револвинг принципот на користење на овој кредит, прочитајте го следниот Информатор за користење на СМАРТ кредитот.

Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.

За поголема сигурност и комфор при користењето на СМАРТ кредитот преку картичка ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје (точките 4, 5 и 6 од советите за безбедно користење не се однесуваат на СМАРТ кредитот).

Клучни зборови

  • Комерцијална банка АД Скопје
  • кредитна картичка
  • смарт кредит
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk