Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СЛАВЕСКИ ЗА БЛУМБЕРГ АДРИА: Буџетот за 2023 е инфлаторен

4 ное. 2022 г.·3 мин читање·2777 прегледи

Следете не на Viber

Македонската Влада за следната година планира да потроши 12,6 % повеќе пари од годинава. Очекувањата се дека приходите ќе се зголемат за 14,8 отсто. Буџетот за 2023 година е предвиден да биде 5,3 милијарди евра, додека капиталните инвестиции се испланирани да бидат 800 милиони евра.

„Предвидениот буџет за 2023 година е пред сè инфлаторен и Владата веројатно нема намера воопшто да помогне во справувањето со инфлацијата, во координација со централната банка“, вели во разговор за Блумберг Адрија ТВ Трајко Славески, професор по економија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предлог-буџетот предвидува фантастичен раст на приходите од 15 отсто,ние не сме имале ваков раст со години наназад, но растот на номиналниот БДП изнесува 10 отсто, нагласува професорот. „Ова значи дека Владата и натаму планира инфлаторно финансирање, односно користење на оној инфлациски данок со кој ја намалува куповната моќ на парите и истовремено ја намалува и реалната вредност на долгот што треба да го отплаќа“, вели Славески.

Втор момент, според него, е што буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 700 милиони евра, е превисок. „Доколку се оствари, скептичен сум дека ќе може да се обезбеди финансирање. Првите знаци за недоверба во платежната способност на буџетот веќе ги имаме последниве месеци, тука мислам на намалувањето на интересот за запишување на државни хартии од вредност, а истото тоа се случува и со благајничките записи, затоа што ликвидноста во економијата опаѓа“, посочува професорот.

„И трето, ако знаеме дека водечките европски економии ги имаат веќе првите знаци на рецесија и дека тоа ќе се одрази и на нашата економија, ова значи и дека и нашиот раст ќе биде значително помал од она што се проектира“, вели професор Славески, кој е со став дека оваа амбициозна буџетска рамка, поради оваа реалност, ќе мора во скоро време да се корегира, со што ќе се приспособиме и ќе се подготвиме за едно меко спуштање во наредниов период, за да не дојде до нагли кратења во сите сфери – социјална заштита, образование, здравство.

Под знак прашалник е и најавата за капитални инвестиции, за што професор Слевески проценува дека капацитетите за реализација на ваквите зафати и кај домашните институции и кај домашните компании е мошне ограничен, што го покажува и досегашниот степен на реализација на капиталните инвестиции.

Линк до [видео]

Клучни зборови

  • буџет
  • инфлација
  • капитални инвестиции
  • професор Трајко Славески
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk