Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

SkyDrive планира да лансира летечки автомобили за три години

17 авг. 2020 г.·2 мин читање·1726 прегледи

Следете не на Viber

Историјата покажува дека промената на човековата подвижност се случува околу еднаш во еден век.

И околу 100 години од почетокот на масовното производство на моделот Т на Форд, човечката раса е сведок на уште една револуција во подвижноста, според поранешниот инженер на Тојота, кој сега раководи со стартап што се обидува да лансира комерцијално летачко такси до 2023.

Главниот извршен директор на „SkyDrive Inc“ Фукузава, е убеден дека до 2050 година секој ќе може да лета до која било дестинација во рамките на 23 одделенија во главниот град за 10 минути. Потенцијалот е огромен, со оглед на глобалната побарувачка за електрични вертикални полетувања и слетувања на авиони.

„Пазарот за возила најверојатно би можел да започне како мал додаток на постојната транспортна инфраструктура, слично на тоа како што денес работат хеликоптерите“, рече Раџеев Лалвани, водечки аналитичар на Морган Стенли, кој ги опфаќа авиокомпаниите и авионите. „Тие подоцна може да се претворат во економичен, временски ефикасен метод за патување на кратки до средни растојанија, со што конечно ќе ги одземе деловните активности од компаниите за автомобили и авиокомпании“.

Иако има повеќе од 100 проекти за летачки автомобили на глобално ниво, вклучувајќи ги и големите меѓународни фирми како Boeing Co, Airbus SE и Uber Technologies Inc., двоседното возило предвидено од SkyDrive е уникатно по тоа што е најмалиот летечки автомобил во светот, и може да се смести на паркинг простор за два автомобили.

Секако, голем број на луѓе се скептични во врска со можноста да се направат вакви летачки автомобили.

Крајната цел на владата во Јапонија е користење на воздушниот простор за превоз на луѓе во големите градови, за да се избегне сообраќаен метеж и да се обезбеди нов начин на транспорт за планинските области и оддалечени острови, или за употреба во случај на природни непогоди и други вонредни состојби.

SkyDrive ги има своите корени во Cartivator, волонтерска организација формирана од луѓе кои работат во индустрии, вклучувајќи и авијација. Нејзините истражувања за летачките автомобили започнаа во јануари 2014 година.

Клучни зборови

  • skydrive
  • иднина
  • летачки автомобил
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk