Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СКСМ и Македонија 2025: Заедно да работиме за брз економски раст и повисок животен стандард

18 мај 2024 г.·3 мин читање·2064 прегледи

Следете не на Viber

Конкретна соработка во делот на професионалниот развој, подобрување на образовниот систем, за дигитализација и искористување на капацитетот на дијаспората е договорена помеѓу Стопанската комора и раководството на Македонија 2025. Споделуваат заедничка визија за посилни бизниси, за подобро деловно опкружување, за нови работни места, повисоки плати, а сето тоа ќе биде во функција на побрз економски развој на државата.

Самоувереност, одговорност и верба во себе се трите волшебни зборови што и се потребни на државата за да успее во наредниот период. Искуство и знаење има доволно, но грешката е во тоа што земјава постојано се потпира на надворешни решенија, изјави по средбата претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој и овојпат повика на обединување меѓу сите релевантни фактори и на заедничко практично делување за економски просперитет. Потребни се професионализам, упорност, прифаќање на добрите искуства, регионализација и инкорпорирање во интеграциските системи, смета Азески.

„Мислам дека имаме доволно искуство и знаење, а Стопанската комора ќе го води процесот што го почна и ќе биде упорна да докаже дека тоа е можно со многу професионализам, упорност, одбивање на лошите и прифаќање на добрите нешта и регионализација, инкорпорирање во интеграциските системи кои ќе создадат за компаниите и бизнисите поголем простор за развој и за покажување на својата способност“, вели претседателот на Комората, кој нагласи дека е време за имплементација на платформата што ја понудија, а беше поддржана од 314 најрелевантни субјекти. Што значи итно да се работи на инсталирање на правната држава.

Со дијаспората, како што рече, ќе се работи на заеднички проекти кои се од круцијално значење за државата. Ќе се работи и со инвеститори кои можат да го поттикнат економскиот раст, кој е мошне слаб во изминативе 30 години.

Соработката со домашниот бизнис е голема, посочи извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

„Македонија 2025 и Стопанската комора делат многу силна јасна заедничка визија, идеологија, а тоа е да имаме посилни бизниси, да имаме подобро деловно опкружување и да создадеме атмосфера во која бизнисите ќе растат, ќе отвораат нови работни места, ќе растат платите, а со тоа и државата ќе оди напред и ќе стигнеме до она што е посакувана дестинација на секој од нас, а тоа е повисок животен стандард“, истакна Мојсовска Блажевски.

Воедно, посочи дека во насока на побрзиот економски развој дијаспората ќе партиципира со знаење, со контакти, со лобирање.

„Сите се согласуваме дека стапки на економски раст под пет проценти нема да не однесат до посакуваната дестинација. Значи, сите заедно треба да работиме за да постигнеме економски раст над пет насто и што е можно побрзо да го зголемиме животниот стандард.

Така ќе привлечеме, се надевам, и наши од дијаспората да се вратат тука да живеат, да работат, да инвестираат, меѓутоа исто така и сите ние да живееме подобро и да имаме подобар квалитет на животот“, истакна Мојсовска Блажевски.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • Македонија 2025
  • Ники
  • Никица Моjсоска Блажевски
  • соработка
  • стопанска комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk