Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Технологија

Скриени Galaxy функции што ќе ги обожавате

14 ное. 2025 г.·3 мин читање·830 прегледи

Следете не на Viber

Вашиот Galaxy не е само смартфон – тој е ваше креативно студио, личен асистент и дигитален трезор во едно. Во оваа серија од шест кратки статии, ги откриваме функциите што тивко го прават секојдневието попаметно, поедноставно и поинтересно. Од длабока персонализација и автоматизација, до професионална фотографија и алатки за приватност – секој Galaxy уред е создаден да ги надмине очекувањата. А со до шест години OS ажурирања за Galaxy A серијата и до седум години за Galaxy S и Z сериите, вашиот Galaxy продолжува да се развива долго по првото вклучување.

Персонализирај како професионалец: Good Lock & Edge Panels

Направете го вашиот Galaxy навистина ваш – прилагодете сè, од екранот за заклучување до страничните кратенки.

Ако телефонот ви е секојдневен придружник, треба да изгледа и да се чувствува како вашиот. Со Good Lock можете да прилагодите речиси сè – како се однесува екранот за заклучување, како изгледа менаџерот за апликации, па дури и како се отвора панелот со нотификации. Направете го вашиот телефон да се издвојува со прилагодени бои, икони и распореди што го одразуваат вашиот стил. Модулите како Task Changer, QuickStar и LockStar ви помагаат да го усовршите секој агол од корисничкиот интерфејс.

Комбинирајте го ова со Edge Panels и вашите најважни алатки – од контакти и брзи функции до омилени апликации, секогаш се на еден свиpec оддалечени, без разлика каде се наоѓате во интерфејсот. Замислете го ова како телефонска верзија на совршено организиран работен простор. Ваш Galaxy, ваши правила – прилагоден до совршенство.

Совршен спој: Galaxy Z Fold7 се отвора во огромен, исклучително светол работен простор – идеален за уредување, прегледување или претставување на вашите најнови креации во движење, а споменатите Edge Panels овозможуваат едноставен пристап до клучните функции.

Немате Samsung Galaxy телефон или користите постара генерација?

Samsung ве поканува да ја преземете Try Galaxy апликацијата и да ги испробате најновите Galaxy функции директно на екранот на вашиот уред.

За компанијата Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со револуционерни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните екрани, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и решенијата за меморија, LSI системските решенија и производството на чипови (foundry). Samsung напредува и во областите на медицинската визуализација, решенијата за греење, вентилација и климатизација (HVAC), како и во роботиката, додека преку компанијата Harman создава иновативни производи за автомобилската индустрија и аудио-технологиите. Со својот екосистем SmartThings, со отворена соработка со партнери и со интегрирање на вештачката интелигенција во целиот производен портфолио, Samsung овозможува интелигентно и поврзано корисничко искуство. За најнови вести, посетете ја страницата Samsung Newsroom на news.samsung.com.

Клучни зборови

  • Samsung Galaxy
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk