Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

„Скопски пазар“ цврсто гази во „Македонијатурист“ – купи уште 3.042 акции

13 дек. 2024 г.·2 мин читање·1168 прегледи

Следете не на Viber

Скопски пазар систематски ги јакне позициите во „Македонијатурист“. Најголемиот акционер се стекнал со нова количина акции и сега поседува 19,73 проценти од хотелско-угостителската компанија. Тоа не е единствената промена во сопственоста. Акции купува и „Промедика“.

„Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Скопски пазар акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје купи дополнителни 3.042 акции и сега поседува 89.208 акции односно 19,73% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, информираат од компанијата преку Македонска берза.

Во втората објава со инвеститорската јавност се споделува информацијата за новиот сопственички статус на „Промедика“.

“…Известуваме дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги Промедика дооел Скопје купи дополнителни 1.667 акции и сега поседува 51.771 акциja односно 11,45% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“.

Крупни промени се случија последниве месеци во „Македонијатурист“, во кои до скоро најголемиот акционер, Доне Таневски, почна да ги продава своите акции, сведувајќи го својот удел на 48.364 обични акции, односно на 10,69 проценти.

Акционери со повеќе од пет проценти од акциите се и Симеон Павлов со 10,47% и неговата фирма „Чеза комерц“, која поседува 6,21% од вкупниот број обични акции издадени од „Македонијатурист“.

Клучни зборови

  • акции
  • акционери над 5%
  • Македонијатурист
  • Македонска берза
  • Промедика
  • промена на сопственост
  • Скопски Пазар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk