Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Скопска „Европа“ во 2022: Поголеми расходи, помали приходи

9 мар. 2023 г.·2 мин читање·1626 прегледи

Следете не на Viber

Со 98,8 проценти остварен план во доменот на вкупната продажба и со 88 отсто реализација на планираното производство, минатата година ја заврши најстарата фабрика за кондиторски производи на Балканот – скопското АД „Европа“.

На бруто основа во текот на 2022 година остварени се вкупни приходи  во износ од 14,2 милиони евра, кои се противвредност на 869.136.924 денари. Во овој сегмент компанијата бележи намалување од минимални за 0,7 отсто во однос на бруто приходите од 2021 година – од 875.663.926 денари или 14,3 милиони евра.

Вкупните оперативни приходи, пак, се нешто повисоки споредено со 2021, за 0,1 насто. При што достигнуваат износ од 13, 8 милиони евра (841.523.948 денари). Останатите приходи се зголемени за 159,9 проценти – 125,6 илјади евра (7.647.677 денари), а кај финансиските приходи намалувањето е 40,9 отсто во однос на 2021 година.

Во финансиските извештаи за минатата година, образложуваат од АД „Еропа“, износите за дадени рабати содржани во излезните фактури се евидентирани како намалување на приходите, наспроти како трошоци за дадени рабати, како што било во претходната 2021. Ефектот од промената во евидентирањето на дадените рабати има влијание врз растот на вкупните приходи, кои би биле за 3,4 проценти поголеми од остварените во 2021, како и на вкупните расходи, кои би биле за 6,1 насто повисоки од оние во годината пред тоа.

Кога станува збор за расходите, тука во вкупниот износ има зголемување од 1,6 проценти споредено со 2021 година. Оперативните расходи се повисоки за 1,4, а финансиските расходи за 69 насто.

Во тој контекст и крајниот резултат од работењето согледан преку нето добивката, која со износот од 688,4 илјади евра или 41.918.642 денари, е за 31 процент помала од регистрираната во 2021 година.

Исто така, лани била распределена дивиденда за 2021 година. Се работи за бруто износ од 188,9 илјади евра (11.501.700 денари). Или, бруто дивиденда по акција од 50 денари. Инаку, АД „Европа“  на акционерите им  исплаќа дивиденда само откако ќе се исплатат сите обврски на друштвото и трошоците за капиталот.

Кредитната задолженост на компанијата е ниска. Во споредба со 2021, лани обврските по таа основа се намалени за 41 процент. Тие средства се наменети за инвестиции.

Клучни зборови

  • АД Европа-Скопје
  • нето добивка
  • Финансиски извештај
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk