Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Скопје-Москва за три и пол часа, еве кој ден ќе се лета и колку е карта

29 апр. 2021 г.·2 мин читање·3311 прегледи

Следете не на Viber

За три часа и 25 минути македонските граѓани ќе може со директен лет да ја посетат руската престолнина Москва. Како што претходно најавија и од Агенцијата за цивилно воздухопловство дека се водат преговори со руска авиокомпанија за лет до Москва, денеска информацијата дека е постигнат договор ја потврдија од Руската амбасада.

На 21 мај, авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ ќе започне со директни летови на новата меѓународна релација Москва – Скопје, соопшти Руската амбасада во Скопје. Летовите ќе бидат еднаш неделно, во петок, а времето на патувањето е 3 часа 25 минути.

На веб сајтот на авиокомпанијата веќе можат да се прават резервации и билет за еден правец од Скопје до Москва чини од 125 евра. Руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта.

Во меѓувреме додека македонските граѓани добија директна конекција со Москва, во летниот распоред на летање отпаднаа авиолиниите за Дубаи и Катар кои граѓаните ги користеа и како транзит линија за подалечните дестинации како Австралија.

Клучни зборови

  • авиолинија
  • москва
  • Нордвинд ерлајнс
  • скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk