Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СКОПЈАНИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОЕВТИНО ПАРНО: За околу 3 отсто за домаќинствата, и 17 отсто за деловните корисници

29 јул. 2024 г.·2 мин читање·1455 прегледи

Следете не на Viber

Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ „Енергетика“.

За деловните корисници и училиштата поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, истакна дека цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани и смета дека нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата пресметана во фактурите на граѓаните.

Тој додаде дека од новите пресметки на цената за испорака на топлинска енергија не биле задоволни трите компании на ЕСМ, како и ЕСМ Енергетика, а дел од нив најавиле дека одлуките на Регулаторна ќе ги обжалат на Управен суд.

Во Скопје на системот за парно греење се приклучени над 60.000 домаќинства, 90% од скопјани добиваат парно од државната ЕСМ која обеднува три фирми ќерки со снабдување, производство и дистрибуција на топлинска енергија, исто така тука е топланата Скопје Север и Енергетика.

Еден од предизвиците за системот на централно греење во Скопје останува поставувањето на новата топловодна цевка на мостот „Беласица“.

Бислимоски апелираше да се заврши реконструкцијата на цевкодот на мостот „Беласица“ и да не се остави на случјноста, со цел да бидеме подготвени за претстојната грејна сезона.

Во моментов како алтернатива се користи цевковод на железничкиот мост, но тоа е со намален капацитет. Па доколку дојде до зима во која ќе имаме денови со многу ниски температури под нулата можно е скопјани да останат со млаки радијатори.

Клучни зборови

  • греење
  • есм
  • парно
  • РКЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk