Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Недвижности

Tурски ,,Лимак” која го гради “Diamond of Skopje” се најде шест места погоре на листата на најдобри градежни компании во светот

26 авг. 2021 г.·3 мин читање·3372 прегледи

Следете не на Viber

 „Лимак“, компанијата која го гради комплексот „Diamond of Skopje“ во центарот на Скопје, е рангирана на 56 место на листата на 250 најдобри градежни компании во светот за 2021 година, што ја подготвува Engineering News Records (ENR). Листата на ENR е глобално позната и ги рангира најголемите градежни компании во светот според нивните градежни активности на странски пазари.

Ова е второ последователно искачување на „Лимак“ на ENR листата на 250 најдобри градежни компании. Минатата година „Лимак“ беше рангирана на 61 место, а како резултат на големите достигнувања на глобално ниво, во 2021 „Лимак“ бележи раст за шест места, искачувајќи се на 56 место.

Куртхан Апајдин, главен извршен директор на „Лимак Скопје“, по овој повод истакна:

„Ова е охрабрувачко признание. Тоа е потврда дека „Лимак“ е една од најдобрите градежни компании во светот, но и потврда за континуираното подобрување на квалитетот на нашата работа. Високите стандарди се суштествен дел од деловната култура на „Лимак“ и тие се применуваат и во изградбата на комплексот „Diamond of Skopje“, кој ќе понуди нова димензија во урбаното живеење“. Групацијата „Лимак“ во земјава инвестира 250 милиони евра во изградба на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“. Во рамки на комплексот кој ќе се простира на површина од 325.000 метри квадратни, ќе има трговски центар, резиденцијални објекти, паркинг простор, како и подземна сообраќајница. Дел од комплексот „Diamond of Skopje“ е и хотелот „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој веќе започна со работа. При изградба на комплексот се води сметка и за еколошкиот аспект, вели Апајдин.

Имајќи предвид дека „Diamond of Skopje“ е сместен во централното градско подрачје, во комплексот ќе има зелена површина на околу 11.000 метри квадратни, втор по големина зелен појас во Скопје, веднаш по Градскиот парк. Тоа ќе им овозможи простор за спорт и рекреација на жителите на „Diamond of Skopje“ во урбана средина, задоволувајќи ги потребите на современиот начин на живот. Групацијата „Лимак“ со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.

Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанак кале) 1915, кој ќе биде најдолг висечки мост во светот по неговото завршување, меѓународниот аеродром во Кувајт, браната Јусуф ели, трета по големина во светот откако ќе биде изградена, како и многу други.

Клучни зборови

  • Дајмонд Скопје
  • Лимак
  • најдобра градежна компанија
  • ранг. листа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk