Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

СКМ два пати неделно ќе соопштува бројки, коментари и свои ставови за економијата

5 мај 2020 г.·3 мин читање·116 прегледи

Следете не на Viber

Стопанската комора на Македонија (СКМ) информира дека започнува нов начин на комуникација со медиумите и поинаков формат на обраќање кон јавноста за актуелните состојби во државава, особено во економската сфера. Тие ќе бидат кратки и ќе содржат четири важни поенти: Бројки на денот, Коментар на денот, Споредба на денот и Наш став. Се планираат по две прес конференции во текот на неделата за медиумите, со цел директно да се разменат ставови, мислења, дилеми и да се слушнат евентуални предлози за она што и е во моментов потребно на економијата, со цел од кризата да се излезе со помали последици и да се нормализира целокупниот живот.

Моменталните бројки на денот се базирани на анкети и директни контакти на претседателот на СКМ, Бранко Азески, на дневна основа, со сите потпретседатели на Kомората, и според нив, 71 отсто од членките, и покрај сите наведени слабости, не најавуваат затворање на компаниите.

Коментарот на денот на Комората е изјавата на Азески дека, државата ќе се соочи со два големи проблема во периодот што следи, а тоа се: голема е веројатноста во текот на мај компаниите да се соочат со проблемот на ликвидност. При што, свој удел може да има и Владата, поради најавените прекини на голем дел од договорите, а и поради тоа што извозот е во многу проблематична состојба.

Споредбата на денот на СКМ покажува дека, во април се регистрирани 7.030 нови невработени, според АВРМ, што е идентично со тие бројки во Косово. Во Србија од почетокот на кризата работа досега изгубиле околу 6.047 лица, а според податоците на Даночната управа на Албанија, без работа останале 61.000 работник, како последица на корона кризата.

На крај, нашиот Став е дека, на истекот на вториот месец од воведувањето на вонредната состојба со Ковид-19, економијата функционира во исклучително тешки околности, а се потпира на сопствени резерви. Владините мерки и покрај најдобрата намера, се комплицирани и тешко достапни до значаен дел од компаниите, мерките се фокусирани најмногу на работниците, за што имаме разбирање, и постои чувството дека иако товарот падна доминантно на компаниите, сѐ е нормално во економијата. Тоа ги натера граѓаните да мислат дека се ќе се врати брзо во нормала и ќе биде исто за недела или две – соопшти Антони Пешев, претседавач на Собранието на СКМ.

Клучни зборови

  • аврм
  • економија
  • коментари
  • пандемија
  • скм
  • стопанска комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk