Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СКАПО ГОРИВО, ПОМАЛКУ ЛЕТОВИ: „Кроација ерлајнс“ крати 900 линии

7 мај 2026 г.·2 мин читање·829 прегледи

Следете не на Viber

Кризата со горивото сериозно го погоди европскиот авио-сообраќај, а последиците веќе се чувствуваат и кај патниците. Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ најави дека во следните три месеци ќе откаже околу 900 летови поради драстичниот раст на цените на млазното гориво, што дополнително ја продлабочува кризата во авијацијата.

Според хрватските медиуми, станува збор за околу пет проценти од вкупно планираните 27.000 летови во претстојниот период. Само во текот на мај, авиокомпании ширум светот откажале повеќе од 13.000 летови, а од распоредите биле отстранети околу два милиони седишта. Главната причина е нестабилната геополитичка состојба и конфликтот на Блискиот Исток, кој предизвика огромен скок на цените на горивата.

Директорот за комерцијални работи на „Кроација ерлајнс“, Славен Жабо, изјави дека цената на млазното гориво се удвоила од почетокот на кризата и расте многу побрзо од цената на суровата нафта.

„Сегашните цени на горивото ќе предизвикаат повеќемилионски загуби за авиокомпаниите, вклучително и за ‘Кроација ерлајнс’“, изјави Жабо.

Тој објасни дека компанијата веќе вовела мерки за намалување на трошоците преку оптимизација на летовите и прилагодување на капацитетите според побарувачката и профитабилноста на одредени линии. И покрај откажувањата, „Кроација ерлајнс“ и натаму планира да реализира околу 100 летови дневно во текот на летната сезона.

Покрај кризата со горивото, патниците најверојатно ќе се соочат и со повисоки цени на билетите. Жабо посочи дека дополнителен удар претставува и најавеното зголемување на аеродромските такси во Загреб за 20 проценти од 1 јуни, што директно ќе се преслика врз цените за патниците.

Сепак, од компанијата велат дека е тешко однапред да се прогнозира колкаво ќе биде поскапувањето, бидејќи цените зависат и од побарувачката на одредени линии.

И покрај неизвесноста, во „Кроација ерлајнс“ остануваат оптимисти за туристичката сезона. Во првите четири месеци од 2026 година компанијата превезла 23 проценти повеќе патници во споредба со истиот период лани, односно речиси 100.000 дополнителни патници, што според Жабо е позитивен сигнал за претстојното лето.

Клучни зборови

  • Корација ерлајнс
  • криза
  • летови
  • нафта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk