Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СИТЕ ТРИ АВТОПАТСКИ ДЕЛНИЦИ ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ДО 2029, најави вицепремиерот Николоски

21 мај 2026 г.·3 мин читање·1790 прегледи

Следете не на Viber

Рокот за изградба на сите три делници – Тетово-Гостивар, делницата Гостивар- Букојчани и Битола – Прилеп е 2029 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски синоќа за Сител телевизија. Очекувам за дел од нив да сме побрзи, најбрза очекувам да биде Битола – Прилеп, на која ставаме најголем фокус, иако е најдолга, со 40 км, додаде тој.

Николоски се осврна и на протестите на жителите на прилепското село Ореовец, кои го блокираат каменоломот во непосредна близина на нивните куќи. „Сите имотно-правни односи на таа делница се решени, останува само проблемот со оние “буџованите“ од Ореовец, тоа се група на сопственици на вили, кои блокираат пристап до наоѓалиштето од каде треба да се црпи материјал за изградба на автопатот бидејќи им се нарушувал мирот кога поминувале камионите“, рече Николоски и додаде: “Тоа нарушување на мир чини некаде околу 100-тина милиони евра, гледам партијата Левица се залепи на ова, па фер е да ги прашаме, како декларирани левичари како сакаат државата да потроши 100 милиони евра повеќе за некои буџовани да имаат раат, нели беа за заштита на работниците, а сега штитат буџовани“, праша Николоски.

Тој најави дека, сепак очекува дека наредната година да пуштиме сообраќај по новиот автопат во едната насока на патот Прилеп-Битола, а целосно да биде завршен во рамки на рокот.

Делницата Гостивар-Тетово, иако изгледа најлесен, всушност е најтежок, рече министерот, бидејќи има многу објекти кои треба да се дислоцираат, но и тој ќе биде во рокот, додека Гостивар-Букојчани, кој треба да ја заобиколува Стража, иако изгледа најтежок, добро оди прогресот и веќе имаме пробиено 18 километри.

Проектот за брзата пруга е почнат уште минатата есен, но во рамки на оваа една година го правиме најбитниот дел во еден проект кој што е најмалку атрактивен за јавност – а тоа е делот кој значи добро планирање, геотехнички истражувања, понатака, истражување за влијание врз животната средина, истражување за влијание во средината каде што живеат луѓето, археолошки наоѓалишта и така натака, порача вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Ако не направите добар план, ќе ви се случи Охрид-Кичево. И затоа го правиме овој план, рокот е некаде околу една година, за после кога ќе ги видиме, првите багери на терен, она што е видливо за граѓаните, навистина да заврши проектот за пет години. Така што рокот кој што првично го дадовме, 2031 година останува и во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција двоколосечно“, рече Николоски. Тој нагласи дека проектот Вардарска долина на ниеден начин нема да бидат засегнати со трасата која ќе опфаќа брзата пруга и додаде дека оваа или некоја идна влада ќе може да ги реализира предвидените хидроцентрали доколку е тоа исплатливо.

За брзата пруга истакна дека ќе чини околу 10 милиони евра по километар и додаде дека новата траса, која нема совпаѓање со постоечката пруга ќе биде и пократка од неа. „Цената по километар треба да е нешто под 10 милиони евра, што е релативно компетитивно, имајќи предид дека се работи за дупла двоколосечна пруга, што значи дека целиот проект некаде треба да чини околу 2 милијарди евра. Сегашната пруга од граница со Србија до граница со Грција е 235 километри, но новата, затоа што ќе користи една доста поправа линија, ќе е нешто под 200 километри“, рече Николоски.

Клучни зборови

  • Александар Николоски
  • делница Гостивар - Букојчани
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk