Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СИТЕ ЦЕНИ ОНЛАЈН СО ОБВРСКА ЗА ДНЕВНО АЖУРИРАЊЕ – Трговците имаат 45 дена да се адаптираат на новините

25 фев. 2025 г.·2 мин читање·2832 прегледи

Следете не на Viber

Видливи цени на секој производ и редовно дневно онлајн ажурирање на ценовните податоци – се обврските кои ги добија трговците откако парламентарците ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите. Имаат рок од 45 дена да се прилагодат кон промените. Овие законските одредби не се однесуваат на микро и на трговците-поединци.

Собраниското мнозинство верува дека освен што ќе се постигне поголема транспарентност на цените во маркетите, новите одредби ќе придонесат и за намалување на цените. Како што посочуваат, кога граѓаните на увид ќе ги имаат сите податоци, односно цени, ќе можат да прават споредби. Тоа ќе ја поттикне конкурентноста, а по таа основа ќе дојде и до поевитнување на артиклите.

„Граѓаните ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари, бидејќи не е нормално да имаме цени во маркети кои се највисоки на балканско ниво, цени повисоки отколку што имаат членки на ЕУ. Сигурни сме дека во наредниот период ќе има намалување на цените што ќе биде прифатливо и за македонските граѓани“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој беше еден од предлагачите на новото законско решение.

Во маркетите, доколку е можно, цените треба да се наоѓаат на самиот производ, односно на неговата амбалажа. Ако не, тогаш мора да се видливи странично или над артиклите, со што ќе се избегне секоја можност да се доведат потрошувачите во забуна.

Како што посочи, сето ова е направено за заштита на стандардот на граѓаните, при што се прифатени подобрите практики од западните држави, но земени се и мерките што досега се покажале како ефикасни.

Спроведувањето на овие обврски ќе биде под контрола на пазарните инспектори.

Воедно, се најавува дека под лупа ќе бидат ставени и цените на белата техника, како и лековите во аптеките, за да се утврди зошто се поскапи во споредба со тие што важат во земјите од регионот.

Клучни зборови

  • закон за заштита на потрошувачи
  • онлајн
  • трговци
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk