Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаПензиски ФондовиФондови

СИРОМАШНИ ПЕНЗИОНЕРИ, БОГАТИ ЗДРУЖЕНИЈА: 1,8 милиони евра од пензиите им се запира годишно за членарина

5 апр. 2022 г.·2 мин читање·5307 прегледи

Следете не на Viber

Сиромашни пензионери, ама богати здруженија. Половина од пензионерите во земјата земаат пензии под 14.000 денари. Според последната статистика во Македонија има 326 646 пензионери, или тоа би значело дека над 160 000 пензионери имаат пензија со која едвај излегуваат на крај. И покрај ниските примања околу 308.000 од нив се потпишале дека сакаат да им се задржуваат средства од пензијата за Солидарен фонд, пари кои кога ќе почине корисникот на пензија му се исплаќа на неговото семејство како еднократна помош која порано беше во висина од 30.000 денари, а сега намалена на 25.000 денари. Анализата на ,,Пари”, покажува дека доколку пензионерот сака да го користи Солидарниот фонд, тој е принуден задолжително да одвојува и 30 денари за членарина во пензионерско здружение. Всушност без плаќање членарина, пензионерот нема да може да уплаќа ниту во Солидарниот фонд, двете се облигаторни, а ваквата одлука ја има донесено Сојуз на здруженија на пензионери. Овие 30 денари кои навидум изгледаат минорна сума кога ќе се соберат од сите 308.000 пензионери не се ниту малку за потценување. Секој месец по овој основ на Сојузот и здруженијата на сметка легнуваат повеќе од 150.000 евра или годишно од пензионерите од членарина во овие здруженија се слеваат дури 1,8 милиони евра. Противниците на одлуката на пензионерите задолжително да им се наплаќа членарина, сметаат дека овие пари ги користат само активните членови во здруженијата, но дури 80-90 проценти од пензионерите немаат никаков бенефит од тоа што им се одземаат овие пари. Од пензионерите со кои разговаравме речиси сите се информирани за Солидарниот фонд, но никој не знаеше дека плаќа 30 денари членарина, а уште помалку и дека искористил некој бенефит од плаќање на овој надомест. Уште еден удар по буџетот на пензионерите дојде во февруари месец. Сојузот на здруженија на пензионери од февруари го зголеми надоместокот за Солидарниот фо…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • Илија Николовски
  • македонски пензионери
  • пензионери
  • пиом
  • сојуз на здружение на пензионери на македонија
  • солидарен фонд
  • Станка Трајкова
  • чланарина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk