Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

СИРОМАШНА ДРЖАВА – БОГАТИ ПОЛИТИЧАРИ: За нив сè повисоки плати, за нас и урдата е луксуз

7 окт. 2023 г.·4 мин читање·4921 прегледи

Следете не на Viber

Знаете за политичарот на кој му се појавило црвенило на лицето? Се посомневал во се, само во едно бил сигурен – дека не е од срам.

Нашите избрани функционери си ги качија платите за 78 проценти. Направија солидна база за зголемувањата кои следат со растот на просечната плата. Па вгодина, веќе од јануари, за себевложувањето и пожртвуваноста ќе бидат наградени со дополнителни 300 до 500 евра. И така, секоја наредна година. Расте државниот просек, растат платите на пратениците, на министрите, на судиите, обвинителите, градоначалниците… Кој и да ги наместил, од која и партија да се. Сите ќе го вперуваат прстот во Уставниот суд, нели ја укина фиксната основица, и ќе повторуваат „судските одлуки не се кометираат“ и „судските одлуки мора да се почитуваат“.

Богати поедници – богата држава, така некогаш се велеше, кога се укажуваше на тоа дека имотните ја полнат државната каса, од која понатаму парите се распределуваат во образованието, здравството, социјалата, во инфраструктура… Не – кај функционерите. Во Македонија здравството убива, образованието заглупавува, а во инфраструктура се вложува кога некој ќе пресмета дек има проценти за личен ќар.

Сепак, и во најсиромашната држава во Европа може убаво да се живее. Ако си еден од сегашните 1.060. Како ли ќе биде кога ќе влеземе во ЕУ!? Пред некој ден премиерот велеше – „сите плати во првите пет години ќе бидат повисоки за 70 до 100 проценти“. Со посебен акцент на „сите“. Само што работата не е толку едноставна како 2 + 2. Едно е сто насто на неговата, а друго на минималната плата, на пример. Македонските функционери се веќе во Европа. Како велат, Господ прво на себе си дал брада.

Патем, отчетноста и транспарентноста по прашањето за платите во Владата се загубија некаде во 2020 година, можеби во тогашната предновогодишна еуфорија. Оттогаш ништо не е променето на владината веб страница. Премиерот, првиот вицепремиер и колегите заборавиле кога броеле ситно, кој 88, кој 70, кој 73 илјадарки.

Синдикатите пресметале дека просечната плата ќе се придвижи за петнаесеттина проценти, па би требало да го надмине прагот од 40 илјади денари. Затоа, пак, премиерските месечни примања би изнесувале над 180, претседателските некаде околу 190, пратеничките 122 илјади денари…

Да се вратиме во нашата реалност. Со месеци има протести. Кој се не излезе на улица, од администрација до лица со попреченост и пензионерите. Со барање во стилот – дозволете да живееме, не да преживуваме. Јавната администрација доби 10 проценти и К-15, на пензионерите им го скратија следувањето од 6,8 на 5,3 проценти и им  рекоа – линеарка од 3.500 не може, мора да се мисли на стабилноста на Фондот.

Минималната плата е 20.175 денари. Просечната со состојба од јули е 36.286 денари. Пензискиот просек е 19.062.

Инфлацијата во јули била 8,4, а годинава треба да ја завршиме со 9,1 процент. Што е приказ за поскапувањата. Како пример, во август минималната синдикална кошница изнесувала 49.345 денари.

И, тоа не е доволно, па и урдата стана луксуз. Листата производи кои добиваат повисока десетпроцентна стапка на ДДВ е најголемата потврда дека владините министри, со платите што ги имаат, немаат ориентација за тоа што е луксуз, а што не. Особено за широките народни маси. Па, со месото од ирвас во ист кош ги ставаат брашното, замрзнатите теста, сирењето, дури и растителното, гаудата, ајдамерот… Замислете, и сладоледот! И сите видови замрзната риба. На народот му го оставија само осличот, за слава.

Добро го забиберија. Црниот бибер ќе поскапи. На листата е.

новинар:

Маја Анастасова

Клучни зборови

  • животен стандард
  • избрани функционери
  • Маја Анастасова
  • народ
  • плата
  • политичари
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk