Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Силни институции и попаметно фискално управување за сигурност на бизнисот – Одбележана соработката на МФ со САД

16 дек. 2025 г.·3 мин читање·9179 прегледи

Следете не на Viber

Државата ја остварува определбата за градење модерен и силен систем на јавните финансии со поддршка и партнерство од САД. Овој значаен сегмент се зајакнува во соработка меѓу Министерството за финансии, Трезорот на САД и Канцеларијата за техничка помош – ОТА. Реализираните и планираните активности беа претставени на настанот насловен „Зајакнување на институционалните капацитети: Одбележување наАнгела агелер соработката меѓу САД и Северна Македонија”, на кој воведни обраќања имаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

„Денес сме собрани да ја одбележиме и истакнеме една од најзначајните и најконзистентните меѓународни партнерства кои ја поддржуваат нашата држава во унапредувањето на јавните финансии – соработката меѓу Министерството за финансии и Министерството за финансии на САД, преку нивната Канцеларија за техничка помош (US Treasury – OTA).  Ова партнерство не е само поддршка, туку долгорочен процес на јакнење на институциите, зголемување на експертизата и создавање модерни системи кои ќе обезбедат предвидливи, одговорни и транспарентни јавни финансии”, посочи министерката.

Таа се заблагодари за поддршката и истакна дека  партнерството помеѓу Македонија и САД во областа на јавните финансии не е административна соработка, туку долгорочна инвестиција во стандардите, институционалниот интегритет и транспарентноста. При тоа наведе дека програмите директно придонесуваат за поефикасни институции, подобро управување со ресурсите, намалување на ризиците и поголема заштита на граѓаните.

Важноста на поддршката што земјава ја добива во изминатите години ја истакна и вицепремиерот Димовски, кој рече дека техничката помош преку Трезорот на САД е од суштинско значење за модернизацијата на нашиот систем на управување со јавните финансии и овозможува подобра ефикасност, поголема транспарентност, подобра отчетност, како и воспоставување европски и меѓународни стандарди кои се неопходни за долгорочна фискална стабилност. Оцени дека тоа не се само технички и административни процеси, туку дека се темелни реформи кои влијаат врз довербата на граѓаните, врз довербата на инвеститорите, и врз нашата способност да градиме одржлива и стабилна економија.

Амбасадорката на САД нагласи дека оваа програма е втора најголема од ваков вид на Министерството за финансии на САД на глобално ниво и е фокусирана на пет клучни области: управување со јавните финансии, финансирање на јавниот долг и инфраструктурата, банкарство и финансиски услуги, буџетска отчетност и борба против економски криминал.

„Успехот на ова партнерство е потврда на нашата заедничка посветеност и на отворената, партнерска атмосфера што ја негува Министерството за финансии. Градиме посилни институции, воспоставуваме попаметно фискално управување и креираме појасни и поправични правила што им даваат сигурност на бизнисите и инвеститорите да ги прошируваат своите капацитети. Реформите ќе придонесат за диверзификација на изворите на финансирање, развој на пазарите на капитал и намалување на зависноста од надворешно задолжување. Секоја активност има директно влијание врз животот на бизнисите и граѓаните во Северна Македонија и во САД”, истакна Агелер.

Активностите се спроведуваа во секторите трезор, буџет и фондови, финансиски систем и во областа на даночниот и царинскиот систем. Целта е унапредување на структурата на буџетот со поголема транспарентност, зајакнување на надзорот над небанкарските финансиски институции, зајакнување со управувањето на јавниот долг и подобрување на пазарите на државни хартии од вредност и пазарите на капитал, како и подобрување на ИТ системите и сајбер безбедноста во Управата за јавни приходи и Царинската управа.

 

Клучни зборови

  • Ангела Агелер
  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • јавни финансии
  • Министерство за финансии
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk