Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Силк Роуд Банка ја предаде третата донација на Клиниката за детски болести

12 ное. 2019 г.·2 мин читање·163 прегледи

Следете не на Viber
Силк Роуд Банка АД Скопје ја предаде и третата донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка минатата година, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Третата донација, како и втората се состои од набавка на инхалатори за потребите на одделенијата во клиниката и дечињата кои престојуваат во неа.


Средствата за набавка на оваа донација во износ од 106.575,00 денари, се обезбедени на начин што со секоја трансакција со American Express картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.


Донацијата ја поздравија и директорите на клиниката д-р Наташа Најдановска Алулоска и г-дин Ридван Ибраими кои изразија надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во 2020 година согласно со потпишаниот меморандум за соработка.

Од страна на банката г-дин Игор Димитров член на Управниот одбор и г-ѓа Кристина Десковска директор на Секторот за население истакнаа дека банката и во наредниот период останува долгорочен партнер на клиниката и дека овој општествено одговорен проект ќе го следат и другите банки и институции во државата.

„Наша донација со секоја трансакција“ е општествено одговорен проект на Силк Роуд Банка АД Скопје и банката до сега за потребите на Универзитетската клиника за детски болести има донирано постелнина, креветски чаршафи, навлаки за перници и 14 инхалатори за секое одделение во клиниката.

Клучни зборови

  • Американ експрес
  • Силк Роуд банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk