Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Силк Роуд Банка вработува РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА во Скопје

4 фев. 2023 г.·3 мин читање·167 прегледи

Следете не на Viber

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.

Дел од работните задачи на раководител на експозитура во Служба за мрежа на експозитури се следните:

  • Одговорност за постигнувањето на целите во експозитурата и следење на напредокот со давање предлози за остварување на деловните цели;
  • Овозможување поддршка на функционирањето на експозитурата, во соработка со соодветните служби на банката, со цел правилно работење и континуирано подобрување на експозитурата;
  • Реализација на таргетите за пораст на продажбата, приходите и одржување квалитетно ниво на услуга на клиентите;
  •  Организација на тимот со цел навремено и прецизно функционирање во работењето на експозитурата и развој на банкарските активности;
  • Соработка со корпоративниот сектор и службата за производи и поддршка на продажбата за можностите за вкрстена продажба;
  • Анализа на пазарните можности во географската област што ја покрива експозитурата и истражување на можностите за деловен развој;
  • Подготовка на извештаи за напредокот на продажбата во експозитурата, идентификација на критични прашања, со предлози за подобрување;
  • Одговорност за примена на политиката за спречување на перење пари и финансирање тероризам во секојдневните деловни активности;
  • Анализа на кредитното портфолио на експозитурата и континуирано преземање активности за намалување на стапката на нефункционални кредити на најниско ниво;
  • Грижа за усогласеност со правилата, прописите и процедурите на банката.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
  • 3 години работно искуство, по можност раководна позиција во банкарски или друг финансиски сектор
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за “раководител на експозитура во Скопје”, најдоцна до 07.02.2023 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот, посочуваат од Банката.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување, посочуваат од Банката.

Клучни зборови

  • раководител на експозитура
  • Силк Роуд Банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk