Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Силк Роуд Банка воведува нов начин за утврдување на нефункционална кредитна изложеност на клиентите

5 јан. 2024 г.·2 мин читање·2000 прегледи

Следете не на Viber

Поради промена во регулативата, Силк Роуд Банка воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата на Народна Банка на Северна Република Македонија и истата ќе важи од 01.01.2024 година.

Промените во новата регулативa се одразуваат на третманот на клиентите кои користат повеќе различни кредитни продукти. Пред овие измени, уредноста на отплатата кај еден клиент се следеше одделно, по користен продукт. Со измената, ќе се следи вкупниот износ односно збир на кредитна изложеност од сите користени кредитни продукти на клиентот во Банката.

Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност се смета доспеан долг повеќе од 90 дена во континуитет, при што вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 6.000 денари кај физичките лица и да надминува 1% од целокупната искористена кредитна изложеност во Банката. Доколку имате нефункционална кредитна изложеност на еден кредитен продукт, ќе значи дека имате нефункционална кредитна изложеност на сите кредитни продукти во Банката. Исто така, доколку Вашата изложеност премине во нефункционална, и изложеностите на кокредитобарателите кои се поврзани со Вашата кредитна изложеност ќе преминат во нефункционални кредитни изложености. Истото важи и доколку вие сте кокредитобарател на нефункционална кредитна излиоженост, Вашата изложеност ќе се смета за нефункционална, без оглед на тоа што вие си ги подмирувате своите обврски на време.

Со цел одржување на добра кредитна историја, Ве молиме за навремено и редовно подмирување на сите Ваши кредитни обврски, посочуваат од банката.

Детално известување

Клучни зборови

  • Силк Роуд Банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk