Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Силк роуд банка: „Моја плата“ за сигурно управување со личните финансии

22 апр. 2024 г.·2 мин читање·1218 прегледи

Следете не на Viber

Поволности прилагодени кон потребите на клиентите обезбедува „Моја плата“, платежната сметка на Силк роуд банка, на која се уплаќаат месечните примања – редовни од работниот ангажман или пензиите. Освен навремени финансиски трансакции, на корисниците им е овозможено пречекорување до три месечни плати, со максимален лимит до 300 илјади денари, но и привилегирани каматни стапки за потрошувачки и станбен кредит.

Исто така, со самото отворање на платежна сметка им следува дебитна картичка „Visa Electron Point“ или „American Express Point“, 50-процентно намалување на годишната провизија за сефови и електронско банкарство без надомест за пасивно користење.

Дозволеното пречекорување, всушност, е револвинг кредитна линија на платежната сметка и се користи за покривање краткорочни потреби за готовина. Највисокиот дозволен износ е 300 илјади денари, а на искористениот дел се пресметува годишна каматна стапка од 14,3 проценти. А, на износот што го надминува дозволеното пречекорување и на доспеаниот и ненаплатен износ се пресметува и се наплатува законска казнена камата. Овие средства можат да се користат во рок од 12 месеци, но има можност за автоматско пролонгирање.

Што се однесува до кредитните критериуми, барателот мора да е во редовен работен однос, а учеството на месечните задолжувања во вкупните месечни примања да изнесува најмногу 55 отсто. Тоа се однесува за вработените во јавните претпријатија, во акционерски друштва, во компании кои се на позитивна листа, за пензионери и за вработени во други приватни компании. Исто така, лицето што бара кредит не треба да е постар од 72 години. За онлајн апликацијата се плаќа надомест од 200 денари. Воедно, се посочува дека каматната стапка е променлива, согласно одлуката на Силк роуд банка.

Од Банката порачуваат: „Префрлете плата во Силк роуд банка и изберете сигурност и удобност во управувањето со вашите финансии!“.

Клучни зборови

  • моја плата
  • платежна сметка
  • Силк Роуд Банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk