Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоВработување

Силк Роуд банка бара специјалист за човечки ресурси со двегодишно искуство

4 окт. 2023 г.·3 мин читање·1929 прегледи

Следете не на Viber

Специјалист за човечки ресурси и е потребен на Силк Роуд банка, кој би работел 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок, во динамична средина, која дава можност за личен развој и професионален напредок.

Дел од работните задачи во Службата за човечки ресурси, на кои треба да се одговори се: учество во подготовката и предлагање соодветни измени во Правилникот за систематизација на работните места во банката; учество во создавањето, изработката и ревидирањето на политиките и процедурите на службата; активности за ефективно организирање на програмите и курсевите за обука на вработените, како и одржување на базата на податоци со евиденција за обуките; учество во извршувањето на навремена и точна пресметка на платите, на сите соодветни даночни пресметки и нивна достава до даночните органи; учество во извршувањето на активностите за исплати поврзани со боледувања, отсуство заради бременост и инвалидност; подготовка на месечните извештаи на службата, како и извештаите поврзани со платите и надоместоците; прибирање податоци поврзани со присуството на вработените на работа, како и нивните отсуства (годишни одмори, боледувања и др.); подготовка на договорите и анексите кон договорите на вработените, во согласност со прописите; ажурирање и контрола на архивата и документите на службата, како и личните досиеа на вработените, во согласност со внатрешните и надворешните прописи; обработка на документацијата за годишните одмори и подготовка на решенија за годишни одмори на вработените, при што се води сметка за придржување до законската регулатива и политиките на банката; управување со централизираниот процес на постапување со поплаки на клиентите, согласно дефинираните процедури, соработувајќи со релевантните служби на банката; следење, анализа и елаборирање на податоците кои се однесуваат на квалитетот на услугите на клиентите, преку изготвување извештаи за поплаки со цел да се преземат соодветни мерки за подобрување на квалитетот на услугите на клиентите; вршење на сите други работи кои ги доделува банката.

Исто така, од Силк Роуд банката очекуваат дека кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации: универзитетска диплома, по можност од областа на општествените науки; минимум 2 години работно искуство во областа на човечки ресурси; одлично познавање на англиски јазик; добри организациски и комуникациски вештини.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@srb.mk, со задолжителна назнака за „Специјалист за човечки ресурси”, најдоцна до 04.10.2023 година.

Само кандидатите од потесниот избор ќе бидат контактирани заради интервју или тестирање.

 

Клучни зборови

  • вработување
  • јавен оглас
  • Силк Роуд банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk