Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Што е млечен протеин и за што е потребен?

8 мар. 2024 г.·2 мин читање·1130 прегледи

Следете не на Viber

Млекото е важна компонента на урамнотежена исхрана и содржи бројни вредни состојки. Значајни признати здравствени придобивки од млекото се поврзани со неговите протеини, не само поради нивната хранлива вредност, туку и поради нивните биолошки својства. Протеинот е важен како за мускулите така и за косата и ноктите. Протеинот е тој што ја одржува функционалноста на секоја клетка во телото. Затоа е важно да внесувате доволно протеини во вашата дневна исхрана. Млекото, јогуртот, урдата, млечните пудинзи се одличен извор на млечен протеин.

Млечниот протеин е колективен термин за многу различни протеини што се природно присутни во кравјото млеко, вклучувајќи казеин и протеини од сурутка. Млекото содржи 3,3% протеини. Млечните протеини ги содржат сите 9 есенцијални аминокиселини што му се потребни на човечкото тело што не може да ги создаде самостојно, и го прави одличен избор за зајакнување на протеините во исхраната и градење мускули. Дополнително, многу компоненти на млечните протеини делуваат како ензими, антимикробни или антиоксиданти.

Колку протеин дневно треба да консумирате?

Консумирањето млечни производи е од клучно значење за коските, забите и здравјето но препорачаниот внес зависи од возраста, полот, степенот на физичка активност. Општа препорачаната количина е 0,8 грама на килограм телесна тежина, а кај физички активните внесот се сугерира во зависност од интензитетот и должината на тренингот. За умерена физичка активност потребни се околу 1,3г протеин по килограм телесна тежина, а за лица со честа и интензивна физичка активност се препорачува 1,6г протеин по килограм телесна тежина.

Посебно вкусен и хранлив извор на протеини е Имлек протеин пудинг којшто е врвно уживање без вина и е повеќе од само вкусен оброк. Овој производ е извор на висококвалитетни протеини, секоја порција поддржува закрепнување и раст на мускулите, што го прави идеална закуска пред или после тренинг. Протеинскиот пудинг е достапен во четири неодоливи вкусови: чоколадо, ванила, солена карамела и банана. Најважно од сè е што е практично спакуван, совршен за уживање во движење, во секое време, насекаде.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Имлек протеин пудинг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk