Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Штипските ученици ќе се здобијат со знаења за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“

29 јан. 2024 г.·3 мин читање·1705 прегледи

Следете не на Viber

Основните училишта во Штип, „Ванчо Прќе“,„Тошо Арсов“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се приклучуваат на „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците од овие образовни установи ќе имаат можност, преку работилници организирани од компанијата, подобро да се запознаат со причините за ваквото однесување, како и со последиците од булингот. Со цел поефикасна реализација на активностите денес беше потпишан меморандум за соработка.

– Во светски рамки, врсничкото насилство и понатаму е еден од најприсутните проблеми на младите, но истиот најчесто се премолчува. Ако се знае дека ова сфаќање е присутно наназад со децении, воопшто не изненадува што бројот на случаи не само што се намалува, туку и се зголемува. Македонија, иако е значително помала средина, не е имуна на врсничкото насилство, а оваа појава, за жал, и кај нас се третира како вообичаена фаза низ која што сите млади поминувале и во иднина ќе поминуваат. Нештата, сепак, и на глобално ниво се менуваат, веќе има земји со програми преку кои што се борат со булингот. Една од нашите цели е да поттикнеме отворен разговор за оваа тема, но сакаме и во пракса да им помогнеме на младите со тоа што ќе имаат пристап до потребните знаења – вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“.

Штип е десеттата општина што се вклучува во кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Меморандуми за соработка досега беа потпишани и со општините Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. Во пет од овие општини работилниците веќе се одржаа, а во останатите реализацијата ќе се одвива во периодот што следува.

Преку работилниците, учениците од психолог се запознаваат со булингот, односно со неговите форми како физичко, вербално, односно, психичко, социјално и сајбер-насилство. Во овие едукативни средби учествуваат и стручните служби кои што споделените искуства потоа можат да ги применат во секојдневната настава.

За сите училишта „Макпетрол“ испечати материјал преку кој што не само учениците, туку и стручните служби, како и родителите, имаат можност да се здобијат со знаења за проблемот со булингот.

„Крени глас против врсничкото насилство“ е едукативна кампања чиј носечки и најзначаен дел е интернет-страницата kreniglas.mk. Вебсајтот има за цел да пренесе знаење до сите што можат да помогнат во решавањето на проблемот со врсничкото насилство – децата, родителите и наставниците. На оваа интернет-страница секој што бил жртва или имал искуство со булингот, може анонимно да ја сподели својата приказна.

„Макпетрол“, преку оваа општествено одговорна кампања, цели кон зголемување на јавниот интерес за булингот, причините за неговата појава, како и далекусежните последици. Секоја општина или образовна институција, што ја препознава оваа активност и сака да се вклучи во кампањата, може отворено да контактираат со „Макпетрол“. Целта на ваквите соработки е заеднички да се изнајдат решенија за врсничкото насилство како проблем што има суштинско влијание врз развојот на децата и на младите.

Клучни зборови

  • Крени глас против врсничкото насилство
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk